Идилична скриена плажа на Островите Мариета во Мексико

Островите Мариета се група мали ненаселени острови кои се наоѓаат неколку километри од брегот на Мексико, во Пуерто Ваљарта. Со кристално чисти води и песочни плажи овие острови се едни од најживописните места на светот и се многу популарна туристичка дестинација, особено поради изобилството на морски животни (островите се заштитени од лов и риболов од мексиканската влада).

4

Островите се формирале пред илјадници години како резултат на вулканска активност и се целосно ненаселени. Во 1900-тите години мексиканската влада ги користела како цел при воените вежби, токму поради тоа што биле ненаселени, при што наместо урнатини и пустош, се формирале неверојатни пештери и карпести формации.

Една таква формација преставува скриената плажа која претставува еден вид на отворен кратер и е формирана од експлозија на бомба во комбинација со ерозија на карпите како резултат на локалните временски услови.

6

Официјално е наречена „Playa De Amor“ или плажа на љубовта. До неа може да се пристапи само кога плимата е ниска, а посетителите треба да поминат низ краток тунел кој води до спектакуларната плажа опкружена со ретка флора и фауна.

1

5

Грбавите китови, делфини и ражи се само некои од неверојатните морски животни кои посетителите можат да ги видат на ова место.

Breaching-humpback-whale-courtesy-Punta-Mita-Expeditions

Пуерта Ваљарта е многу популарна туристичка дестинација во Мексико, а скриената плажа станала популарна благодарение на социјалните медиуми како Фејсбук, Твитер, ЈуТјуб, Инстраграм и слично, при што бројот на посетители астрономски се зголемил.

2

Островите Мариета се природен резерват заштитен од мексиканската влада и за да се посети скриената плажа потребна е дозвола.

Поддржете ја нашата работа: