Интересни факти за Јапонија

Сместена источно од Азискиот континент на западниот раб на Тихиот Океан, Јапонија е извонредна земја со уникатна култура, што (ако имате можност) вреди да се посети барем еднаш во животот. Затоа ви претставуваме неколку интересни факти за оваа далечна земја.

 

 

 

 

 

 

 

1. Јапонија ја сочинуваат 6.800 острови

1

Многу од овие острови се недопрени од туристите (извор)

2.Секоја година, во Јапонија има 1.500 земјотреси

Japan-tsunami-triggered-by-earthquakle-on-the-coast

Јапонија се наоѓа над четири тектонски плочи кои се секогаш во движење. Ова ја прави една од најлошите места во светот кога се работи за земјотресите. Земјотресот во 2011 година предизвика цунами што беше причина за огромни штети и однесе скоро 16.000 животи. (извор)

3. Во Јапонија живеат над 50.000 лица кои се постари од 100 години

3

Над 50.000 жители во Јапонија имаат повеќе од 100 години, а 87% од нив се жени. Ова е огромен пораст во однос на 153-те стогодишници кои се забележени во 1963 година од кога се спроведува анкетата. (извор)

4. Јапонските возови се едни од најточните на светот

4

Јапонските возови се толку точни што доколку возот задоцни само 5 минути, сите патници добиват формално извинување, а понекгаш и „оправдување за доцнењето“ за на работа. Секое доцнење повеќе од еден час претставува ударна вест на телевизија, бидејќи се случува исклучително ретко. (извор)

5. Некои фармери во Јапонија одгледуваат квадратни лубеници, за да може полесно да се складират

5

Покрај тоа во Јапонија се одгледува најскапата диња во светот- „Yubari“ дињата. (извор)

6. Во Јапонија има повеќе миленичиња од деца

6

Едно истражување од 2014 година покажало дека во Јапонија има 21,3 милиони регистрирани кучиња и мачки, што е за 16,5 милиони повеќе од бројот на деца под 15 години. Постои загриженост дека до 2030 година населението ќе се намали, бидејќи 40% од популацијата ја сочинуваат лица над 65-годишна возраст. (извор)

7. Во Јапонија има кафулиња за мачки, каде што луѓето може да одат на кафе и пијачка заедно со мачки

7

Заради малата површина, а многубројното население, многу луѓе во Јапонија живеат во мали станови каде не се дозволени миленичиња. Но, за нивна среќа, во замјата има над 79 кафулиња за мачки, каде што луѓето може да одат да пијат кафе и да се релаксираат  со своите пријатели-мачки. (извор)

8. На лицата кои спијат на работното место никој не им се лути, бидејќи на тоа се гледа како на исцрпеност од напорната работа

8

Оваа практика е позната како „инемури“, што во превод би значело „спиење додека си присутен“. Ова се смета како начин со кој вработените покажуваат колку многу работат и немаат доволно време за спиење дома. Во суштина, постојат непишани правила како се изведува „инемури“- на пример, спиење во исправена положба, за да покажат дека се сѐ уште друштвено ангажирани. (извор)

9. Во Јапонија постои фестивал кој го слави пенисот и плодноста

9

Секоја пролет во Кавасаки, Јапонија се одржува фестивалот „Kanamara Matsuri”, уште познат и како „Фестивал на челичниот фалус“. Фестивалот го слави пенисот и плодноста и како што може да се очекува, многу е чуден. За време на фестивалот може да се видат луѓе од сите возрасти како лижат лижавчиња во облик на пенис и како носат скулптури во облик на пенис. (извор)

10. Во Јапонија се смета дека црната мачка носи среќа

10

Иако според суевернието во голем дел од светот се смета дека ако црна мачка ви го пресече патот тоа носи несреќа, во Јапонија ова се смета дека носи среќа. (извор)

11. Јапонија троши повеќе хартија за стрипови, отколку за тоалетна хартија

11   Јапонците се „луди“ по стрипови (или „Манга“). Секоја година во Јапонија се објавуваат повеќе од 553 милиони примероци. (извор)

12. Во Јапонија постои остров кој е полн со зајаци, откако бил напуштен за време на Втората светска војна

12

Заради својата оддалеченост, островот Окуношима бил избран како место каде ќе се произведува токсичен гас за време на Втората светска војна. Зајаците биле донесени на островот како животни за тестирање. Кога објектот бил затворен, зајаците биле пуштени во природата, па со време нивниот број многу се зголемил. (извор)

Преземено од :UNB FACTS

Поддржете ја нашата работа: