Интервју со Македонскиот тинејџер кој креираше мотивациско Видео

Леонтин Славков 14 годишното момче родено во Штип е новиот позитивен пример во нашето општество за тоа како може и младите луѓе да се вклучат и да помогнат во креирањето на една подобра иднина и визија за нашите деца и општество.

Новите технологии и уреди денес овозможуваат многу брзо една идеја да се претвори во филм, интернет портал, музика, статија… само проблемот е дека овие позитивни примери ретко наоѓаат место во нашите медиуми кои се како опседнати со политика и глупости и тоа делува демотивирачки и нестимулирачки посебно за нашите млади луѓе кои се малку поразлични од другите и сакаат на свој начин да дадат придонес за креирање на една поубава заедничка приказна.

ЕНаука: Леонтин дали ќе ни кажеш нешто повеќе за видеото ?

Видеото е кратко филмче во кое се гледа на почетокот едно неуспешно момче кое не знае ништо за кошарката,со текот на времето, ден по ден, со секојдневен тренинг, секојдневна работа, момчето станува се подобро и подобро.

Колку и да беше тешко, сепак… на крајот тоа се исплати

Поентата на видеото : да се покаже дека без разлика колку е тешко и без разлика колку е невозможно човекот може да оствари се, доколку истиот тој човек има желба, цел и волја

ЕНаука: Дали имаш некоја порака до нашите читатели ? 

Патот кон вашиот сон е најправилниот пат кој треба да го одите, тој пат нема никогаш да ве излаже. Колку повеќе препреки имате на патот толку подобра ќе биде вашата приказна за раскажување кога ќе стигнете до вашиот сон, затоа никогаш не застанувајте и секогаш следете го патот кон вашиот сон.

“If You Can Dream It You Can Do It” – DREAM (Motivational Short Film) 2017

Автор: Влатко Стефаноски

Поддржете ја нашата работа: