Експерименталните третмани досега се вршени главно на кучиња (домашни миленици), но истражувачите се надеваат дека откриле ефикасна терапија против рак за луѓето.
Употребата на бактерии во терапијата против ракот не е нов концепт. Прв пат била пробана пред околу еден век. И покрај ветувачките резултати, микробната терапија се повлекла пред моќните цитостатици и зрачењето.
Но денес, научниците повторно ја враќаат употребата на бактериите во третманот на туморите. Студијата од истражувањето е објавена во весникот „Science Translational Medicine“.
Модифицираните спори на бактерија од почвата наречена „C.novyi “, е директно вбризгана во туморите кои природно се појавуваат кај кучињата и тоа на група од 16 кучиња.
Кај три кучиња туморите потполно исчезнале во рок од 21 ден од инјектирањето на спорите.
Кај други три кучиња од групата ,туморот се намалил за најмалку 30 проценти.
Во меѓувреме,кај пациентка со тумор на меко ткиво во напредна фаза, кој бил проширен на стомакот, третманот со спори значително го намалил туморот во и околу коската на раката од каде што туморот првично потекнувал.
Бактеријате е модифицирана бидејќи вбризгувањето на бактеријата во целата своја снага би можело да доведе до фатална инфекција.
Шибун Џоу е шеф на експерименталната терапија на медицинскиот универзитет Џон Хопкинс во Балтимор, Мериленд.
“Спорите на „C.novyi“ опстојуваат во средина сиромашна со кислород, како што е средината на туморот. Штом се вбризгаат, спорите почнуваат да ги уништуваат клетките на туморот до кои класичните третмани за рак не можат да допрат”-објаснува тој.
“Кога бактеријата расте ,таа ги лишува клетките на туморот од материите со кои тие нормално се хранат. Исто така, утврдивме дека бактеријата лачи ензими кои ги уништуваат протеините и другите работи кои му се потребни на туморот. Што е уште поважно, микробите ќе поттикнат јак имун одговор. Имуниот систем ја напаѓа не само бактеријата туку и самите клетки на туморот”-вели Џоу.
Во експериментите со глувци, бактериската терапија покажа спор имун одговор против клетките на ракот. Ваков одговор не е сеуште не е забележан кај кучињата или луѓето.
Стаорците со тумор на мозокот после бактериската терапија преживеале 33 дена, за разлика од стаорците кои не примиле таква терапија кои преживеале 18 дена.
Џоу вели дека истражувачите се обидуваат да произведат бактерија што ќе покаже помалку несакани ефекти од инфекцијата, како и да пронајдат други микроби кои би можеле да се употребат во борбата против ракот.
За да се добие посилен ефект против ракот, можно е бактериската терапија да се користи во комбинација со хемотерапијата и зрачењето.