Изложеноста на животни во детството влијае на развојот на астма

Новото истражување покажува дека децата кои пораснале со кучиња имале 15% помалку астма од децата кои пораснале без кучиња. Истражувачите имале пристап до детални податоци бидејќи во Шведска секој човек носи единствен личен број и секоја посета на доктор и секој издаден рецепт се внесуваат во националната база на податоци. Дури и регистрацијата на кучињата како миленичиња е задолжителна од 2001 година. Така, во обѕир биле земени и придружните фактори, како астма кај родителите, место на живеење и социоекономски статус.

Ваквите епидемиолошки истражувања бараат поврзаност во големи популации, но не даваат одговор на тоа дали или како животните можат да ги заштитат децата од развој на астма. Секако дека оние деца на кои им е потврдена алергија на мачки или кучиња треба да ги избегнуваат, но нашите резултати покажуваат дека децата кои растат со кучиња имаат помал ризик за развој на астма подоцна во животот. Резултатите се генерализираат за шведската популација, но важат и за другите европски популации со слична култура во однос на поседувањето на миленичиња, истакнуваат истражувачите.

Резултатите се објавени во „JAMA Pediatrics“.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt