Јупитер е толку голем што всушност не се врти околу Сонцето

Гасниот џин Јупитер, петтата планета од Сонцето, која беше цел на мисијата „Juno“ е навистина огромна.

Всушност толку е голема што вистински и не орбитира околу Сонцето. Барем не сосема. Заради огромната маса која е 2,5 пати поголема од сите други планети во Сончевиот систем заедно, центарот на масите (тежиштето) помеѓу Сонцето и Јупитер фактички не се наоѓа во Сонцето, туку се наоѓа во една точка во вселената точно над површината на Сонцето.

Еве како тоа функционира:

Кога еден мал објект орбитира околу еден голем објект во вселената, помалиот не се движи во идеален круг околу поголемиот. Наместо тоа, двата објекти орбитираат околу еден заеднички центар на гравитација.

Во ситуациите кои ни се познати – како орбитирањето на Земјата околу многу поголемото Сонце, центарот на гравитација се наоѓа многу блиску до центарот на поголемиот објект (Сонцето), така што влијанието на овој феномен е занемарливо. Поголемиот објект изгледа како да не се движи додека помалиот прави круг околу него.

Но, во реалноста, работите се многу покомплицирани.

На пример, кога Меѓународната вселенска станица (МВС) орбитира околу Земјата, и Земјата и МВС орбитираат околу заеднички центар на гравитација (тежиште). Тој заеднички центар на гравитација е толку апсолутно блиску до центарот на Земјата што движењата на планетата околу точката е невозможно да се забележат и МВС прави речиси идеален круг околу целата планета.

Истото важи и за повеќето планети што орбитираат околу Сонцето. Сонцето е толку многу поголемо од Земјата, Марс, Венера, па дури и од Сатурн, што центрите на нивната маса со Сонцето, лежат во рамките на самата ѕвезда.

Ова не е случај со Јупитер.

Овој гасен џин е толку голем што неговиот центар на маса или „барицентар“ практично лежи на 1,07 сончеви радиуси подалеку од средината на Сонцето – или 7 проценти од сончевиот радиус, над површината на Сонцето. И Сонцето и Јупитер орбитираат околу таа точка во вселената.

Овој приказ направен од НАСА е илустрација на тој ефект.

http://i.dailymail.co.uk/i/gif/2016/07/doppspec-above.en.gif

Вака, во суштина, Јупитер и Сонцето се движат низ вселената заедно – иако растојанијата и величините не се во размер. Јупитер е сепак само мал дел од големината на Сонцето.

Текстот е објавен во „Tech Insider“.

Поддржете ја нашата работа: