Оваа статија е за ефектите на алкохолот врз нашите чувства, емоции и реакции кои не се карактеристични во периодите кога сме трезни со посебен акцент на влијанието на алкохолот врз социјалната интеракција со луѓето кои ни се блиски но и со оние од непозната група.
Повеќето од нас пијат само во друштво и самиот тој факт може да се одразува на влијанието на алкохолот на специфични делови од мозокот што прават да се чувствуваме еуфорични и поопуштени. Алкохолот исто така може да не направи емпатични или да направи останатите да ни личат попривлечни. Но, зошто се случуваат овие реакции кои всушност се позитивните ефекти од алкохолот?
Алкохолот е една од трите најчесто користени дроги во светот, заедно со никотинот и кафетинот. Кога пиеме алкохол, тој се врзува со одреден рецептор во мозокот и ја зголемува активноста на природната хемикалија во мозокот наречена „GABA“. Ефектот кој алкохолот ќе го има врз нас, во голема мера зависи од дозата на оваа хемикалија и локацијата на рецепторите во мозокот.
Кога ќе почнеме да пиеме алкохол, тој делува на системот „GABA“ за да го зголеми нивото на допамин – хемикалија за награда. Тоа ни дава чувство на благосостојба и мала еуфорија. Алкохолот исто така влијае на рецепторите за да ја нарушат активноста на мозочното коло кое предизвикува да се чувствуваме нервозно, и во повисоки дози, алкохолот деактивира и втор сет на мозочни кола кои го контролираат чувството на страв. Така, одредени ситуации кои нормално би ни изгледале опасни или застрашувачки, тогаш би ни биле привлечни. Други истражувања покажале дека алкохолот може да направи повеќе да им веруваме на другите, како и да не направи подарежливи.
Сето ова укажува на алкохолот како олеснувач на социјалните интеракции, а од друга страна пак пиењето се поврзува со насилното однесување. Ситуацијата е сложена. Лабораториски истражувања покажале дека алкохолот ја зголемува агресивноста. Исто така, може да ја намали нашата способност да ги разбереме намерите на другите. Мозокот има специфични кола кои поврзуваат делови од префронталниот кортекс, амигдалата и темпорално-периенталниот јазол кои управуваат со нашите когнитивни способности. Така, нашата способност да разбереме нечија ментална перспектива и нечии постапки станува несигурна.
Многу големи дози на алкохол може толку многу да влијаат на функционирањето на овие мозочни кола што се сметаат дека се оштетени како пациентите со некоја форма на деменција. Ова е прилично вознемирувачка помисла со оглед на бројката на лица кои завршуваат во градските центри на крајот на една добра вечер.
Покрај тоа, алкохолот ја попречува нашата способност правилно да ги толкуваме емоционалните експресии на лицата (особено тажните и лути лица), што доведува до засрамувачки ситуации.
Еден важен, а често занемаруван аспект на влијанието на алкохолот е начинот на кој ги перцепираме членовите на нашата група и на надворешните, односно непознати групи. Алкохолот не охрабрува да се поврземе со членовите на нашата група, но не и со надворешните. Слично на тоа, тогаш не сакаме да се дружиме со припадници на друга етничка група.
Значи, алкохолот можеби ни е пријател и не прави попријателски настроени, но само за одредена група на луѓе – кои не секогаш ќе возвратат со иста мера.
Мора да се нагласи дека овие ефекти опишани досега се потенцијално реверзибилни откако лицето ќе се отрезни, но хроничното пиење остава трајни последици и оштетувања на мозокот кои доведуваат до слаба меморија и психијатриски проблеми вклучувајќи депресија, психоза, анксиозност и самоубиство.