Како изгледа совршено човечко тело според еден еволуционен биолог

СПОДЕЛИ

Ако ги погледнеме луѓето како Мајкл Фелпс, Усаин Болт или Венус Вилиамс сите ќе ни простат доколку помислите дека сме го достигнале максимумот како вид.

Како и да е, луѓето сепак си имаат многу такви проблеми. На пример, милиони години еволуција довеле до развој на некои помалку идеални човечки карактеристики.

Човекот ја има способноста да оди на две нозе и има поголем мозок од приматите, што е без сомнеж многу корисно. Како и да е, и овие промени се можеби тоа што со текот на годините довело до намалување на нашиот пелвис. Резултатот е многу болно искуство при породување, за разлика од останатите примати, кои по породувањето веднаш си продолжуваат со дневна активност, како ништо да не им се случило на нивните тела.

Нашата способност да одиме на две нозе исто така можеби доведува до болки во грбот, кои човекот ги чувствува во текот на подоцнежните години. Со тек на еволуцијата сме развиле ‘рбет кој има форма на буквата S кој не е баш најдобар за справување со нашата тежина.

„Доколку се грижиш за твојот ‘рбет, тој ќе ти служи до 40 или 50 години. Потоа си оставен сам на себе сѝ” вели Брус Латимер, експерт за анатомија.

Исто така, имаме грла кои се наклонети кон давење, слух и вид кои не секогаш траат целиот живот.

Тогаш како би изгледало кога би можеле да избереме како сме еволуираме?

На една емисија, емитувана на BBC4 во Обединетото Кралство, професор Алис Робертс, разгледува неколку животински карактеристики кои би требало да ги украдеме со цел да го создадеме совршениот суперчовек.

„Инспирирана од кучиња, мачки, цефалоподи, риби, лебеди и мајмуни, мојот модел има подобро срце со повеќе артерии, бели дробови кои се поефикасни, очи без слепа точка, уши кои слушаат подобро, нозе кои се пофункционални и кожа на влечуги која реагира брзо при блокирање на штетните УВ зраци” пишува роберт за The Daily Mail при промовирање на програмата.

Ова е резултатот: ултимативниот човек, најдоброто нешто што еволуцијата или генетиката би можеле да се надеваат да го постигнат.

Во програмата Can Science Make Me Perfect?, Робертс и неговиот тим од Лондонскиот научен музеј создадоа 3Д модел користејки делови од други животни. Телото содржи уши од лилјак и практична кенгурска торба за чување на новороденчето.

Емисијата Can Science Make Me Perfect? се емитува на BBC4 секоја среда во 21 часот.

Дискусија

Коментари