Како коралите ја губат својата боја?

Во денешниов свет каде што 93% од Големиот корален гребен се оштетени, а се очекува да бидат уништени уште 12 илјади квадратни километри на корали од Хаваи до Индискиот Океан до крајот на оваа година, не очекува сериозен проблем кога станува збор за нивното белеење.

Корално белеење е процес во кој коралите ја губат својата боја како резултат на стрес од животната средина, како на пример зголемени температури или загадување.

Самите корали не го произведуваат пигментот кој им ја дава бојата. Својата живописна боја коралите ја добиваат благодарение на мали шарени алги кои живеат во нивното ткиво и во замена за обезбедувањето на безбеден простор за живеење им овозможуваат непроценливи хранливи материи.

Овој однос помеѓу коралите и алгите е подеднакво корисен, или симбиотички, се додека опстанокот на коралите не е доведен во опасност, па тие дивјачки ги истеруваат алгите за да се концентрираат на својот опстанок, при што стануваат бели. Ако наскоро не се подобрат условите за да може да се населат нови алги, коралите ќе умрат.

Сега, за прв пат, научниците снимија корално белеење во контролирана средина и забележаа дека се случува многу побрзо и посериозно отколку што предвидуваа.

Во текот на првите 12 часа, научниците ја зголемиле температурата на водата од 26 на 32 степени и ја задржиле така во текот на осум дена. Коралите започнале да ги исфрлаат алгите уште во текот на првите два часа и ја изгубиле својата боја во текот на експериментите кои траеле од 4 до 8 дена.

Се што можеме да направиме е да се надеваме дека колку повеќе научниците истражуваат со што се соочуваат коралите, толку се поголеми шансите за менување на владините политики за да им се даде шанса за преживување на тие останати 7%.

Истражувањето е објавено во „Coral Reefs“.

enauka.mk
9,241наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.