Како метастазира ракот

Протеин што вообичаено се наоѓа во човечките клетки може да биде главен активатор на метастазирањето на клетките од ракот. Откритието се фокусира на биолошкиот механизам што досега беше игнориран. Откритието на ефектите на овој протеин значително ги прошируваат сознанијата околу епителијлните форми на рак како што е  ракот на дојка и на белите дробови.

Во истражувањето е испитувана функцијата на протеинот наречен „DENND2B“. За време на развојот во детството „DENND2B“ веројатно има улога во миграцијата на клетките. Кај возрасните, клеточната миграција значително се намалува, но кај ракот се случува непосакувана клеточна миграција која придонесува за една од најзбунувачките аспекти на ракот – метастазите на нови локации.

“DENND2B“ активира друг протеин во клетката кој се нарекува „Rab13“, ензим кој ја промовира клеточната миграција. Досега не беше познато како се активира „Rab13“ за да ја иницира клеточна миграција. Беше многу важно да се види каде точно во клетката се вклучува „Rab13“. „

Откривме дека „DENND2B“ го активира „Rab13“ на „водечкиот раб“ на клетката кој е  важна точка за миграцијата на клетката“ – велат истражувачите.

Истражувачите го сметаат „Rab13“ како главен фокус за идните истражувања за терапијата на ракот. Во таа насока тие постигнале значителни резултати кога инјектирале многу агресивни човечки клетки од рак на дојка во глувци во два услови – еден со клетки кои имале високо ниво на протеинот „Rab13“ и друг кога „Rab13“ е вештачки отстранет. Во клетките каде нивото на „Rab13“ било редуцирано, рак или воопшто немало, или се  појавиле  мали туморозни формации. Покрај тоа, малите тумори не метастазирале во други ткива.

Досега воопшто не беше вршено истражување за  поврзаноста на  „Rab13“  со ракот , велат истражувачите, нагласувајќи дека ќе треба извесно време за да започнат  клиничките тестирања.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt