Како најдобро да ги избелите забите?

7/16/12 Daily Dose Kotz blog about whiter teeth

Денес во продавниците и аптеките може да се најдат безброј производи кои служат за избелување на забите, но, покрај толку многу лесно достапни производи веројатно сте се запрашале кој од нив е најбезбеден за употреба.

Во своето најново видео тимот на „Reactions“ одговара на ова прашање. Но, прво, важно е да се разбере зошто забите се пребојуваат.

Забот е прекриен со забна глеѓ – најтврдата супстанција во човековото тело. Како што се вели во видеото, на микроскопско ниво, глеѓта речиси целосно се состои од минерал хидроксиапатит, што претставува мрежа од калциумови и фосфатни јони врзани во цврсти структури слични на гредички. Самите гредички се отпорни на пребојување, но помеѓу нив има мали простори кои се одлично место за создавање на дамки и пребојување.

Сите производи за избелување на забите што може слободно да се набават, содржат иста активна супстанција, а тоа е водороден пероксид (хидроген). Според „Reactions“, водородниот пероксид ги раскинува хемиските врски на молекулите што им ја даваат бојата  на дамките, што резултира со побели заби. Иако имаат иста активна супстанција, од начинот на кој се применуваат овие производи зависи и степенот на избелување што го постигнуваат. На пример, лентите за избелување покажуваат најдобар ефект, бидејќи се поставуваат директно на забите за еден подолг временски период.

Што се однесува до безбедноста, сите овие производи се безбедни ако се користат правилно. Сепак, понекогаш може да се јават изолирани случаи на реакција, како што се чувствителни заби или иритација на непцата. Во крајна линија, ако сте загрижени за вашето орално здравје, а сепак сакате да ги избелите забите, најдобро е  да побарате стручна помош.

Поддржете ја нашата работа: