Како најмали птици на светот, колибрите изгледаат многу кревко, па затоа се прашуваме како ја преживуваат зимата.

Според она што го забележале биолозите, се чини дека овие воздушни “скапоцени“ камења се јаки како “дијаманти“.

Кога времето е студено, колибрите влегуваат во “режим за енергетско складирање, наречен вкочанетост или неподвижност,” вели Адам Хедли, еколог од Орегон. Овие птици кои остануваат на север во текот на зимата, и живеат со ноќна мини хибернација имаат нормална телесна температура од 42 степени, која може да падне до 9 степени.

Пулсот на срцето е исто така бавен во текот на хибернацијата кај колибрите. Откчукувањата на срцето се движат од 1260 до 50 отчукувања во минута.

Колибрите можат да се хранат во студено време дури и на -3 степени Целзиусови.

“Овие мали “чуда“ исто така се движат уште подалеку на север. Забележани се во Ванкувер, Канада на места каде температурите се поблаги,” вели Хедли.

Најмалата птица на светот Mellisuga helenae, има големина колку тениско топче. Долга од 5-6 см. и тешка од 1 до 2 грама. Има доста брз метаболизам, најбрз после инсектите и затоа мора често да се храни.

Птицата колибри во текот на само еден ден поминува и до 2.000 цветови, а може да опраши 27 цветови во минута. Ретко се храни со инсекти и пајаци.

“Колибрите се единствени птици кои можат да летаат наназад благодарение на летечкиот механизам кој воопшто не е едноставен.” вели Хедли.

“Околу 30 проценти од нивната телесна маса се пекторални мускули”.

Колибрите се навистина фасцинантни суштества. Иако важат за птици кои живеат во потопли краеви, фактот дека преживуваат и во посурови услови уште еднаш ја докажува моќта за адаптација на природата.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,231од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.