Како се создава кариесот?

Слатката храна значи и уста полна со кариозни заби. Новото видео објавено од каналот „Gross Science“ на „YouTube“ покажува како се создава кариесот, како огромен број на бактерии во устата функционираат за да ја одржат устата здрава и што се случува кога таа функција ќе се поремети.

Устата содржи повеќе од 100.000 бактерии кои помагаат да се одржи рамнотежата во средината, но бактериите кои сакаат шеќери може да се насочат против вашите заби. Според клиниката „Мејо“, кога храната и пијалоците што содржат шеќер ќе влезат во устата тие се лепат на вашите заби. Ако не бидат отстранети, бактериите се хранат со шеќерите и формираат бактериски плак што со време може да ја обложи површината на забите. Ако плакот не се отстрани додека е мек, тој се стврднува и создава биофилм кој содржи цела заедница од микроорганизми. Тој претставува исто така идеално засолниште за бактериите од четката за заби. Овој биофилм се храни со шеќери и ослободува киселина како отпаден продукт.

Киселините од плакот ги извлекуваат минералите од цврстата облога на забот – глеѓта, што води до ерозија, или првата фаза од кариесот. Бактериите ќе почнат да „комуницираат“ меѓу себе преку испраќање на молекуларни сигнали што води до нивен заеднички раст, што на крај доведува до пореметување на рамнотежата во устата. Колку повеќе јадете слатка храна и пијалоци, толку повеќе киселина продуцираат бактериите. Глеѓта станува сѐ понеотпорна на киселините и кариесот ги зафаќа внатрешните структури на забот каде се сместени нервите и крвните садови. Напредувањето на кариесот доведува до болка во забот, а тоа – до забарското столче.  

Поддржете ја нашата работа: