Канибализмот може да ви го наруши здравјето

Освен моралната дискусија околу канибализмот, постојат и други аргументи против конзумирањето на човечко месо.

Кај канибалите од Папуа, Нова Гвинеја, се појавил еден вид на кравјо лудило, познато под називот „Creutzfeld-Jacob

Во текот на 20 години, почнувајќи од 1950-та година, повеќе од 2.500 лица починале од таканаречената смрт со тресење”, по јадењето на делови од телото на своите роднини. Оваа практика била дел од погребен ритуал кој се темелел на верувањето дека душата на починатиот не е слободна додека неговото месо не биде изедено.

По изведувањето на ритуалот, многу од нив се заразиле со фатална прион-болест (болест која ги напаѓа мозочните клетки). Смртта настанува дури и по една година од појавувањето на симптомите.

Во поново време, познат е случајот со британската медицинска сестра Дејл Болингер, која се зближила со една од пациентката, планирајќи да ја изеде.

Доколку некогаш се најдете во ситуација да мора да вкусите човечко месо, би било добро да знаете дека мозокот, ‘рбетниот мозок, коскената срцевина и тенкото црево се најподложни на инфекции.

Канибализот најчесто се смета за психосексуално нарушување.

Ако сте љубопитни каков вкус има човечкото месо, авантуристот Вилијам Булер Сибрук, кој во 1930 година го вкусил, вели дека е многу слично со телешкото месо.

Поддржете ја нашата работа: