Клеточен механизам против стрес

Истражувањето, што беше објавено во списанието „Nature Structural & Molecular Biology“, се фокусира на посебен вид на „напад“ врз клетката, што се нарекува – оксидативен стрес. Оксидативниот стрес се случува кога сме изложени на штетни влијанија, како што е индустриското загадување, чадот од цигарите, сончевата радијација или радиотерапијата. Во овие случаи доаѓа до оштетување на многу важни компоненти во нашите клетки, а тоа поттикнува многу комплексен механизам на одбрана во клетките.

Во борбата со оксидативниот стрес доаѓа до оштетување на функцијата на протеините. Оштетените протеини кои не можат да ја извршуваат својата функција се разградуваат и се отстрануваат од клетките. Нивното отстранување е сигнализирано од една протеинска модификација -процес наречен убиквитинација (ubiquitination). Овој процес се случува во сите клетки во организмот. И додека разградувањето на протеините во процесот на убиквитинација е добро познат, останатата улога на оваа модификација не е доволно јасна.

Во новото истражување, научниците откриле сосема нова функција на убиквитинацијата која има потполно независна улога во сигналната деградација – ја модифицира и стабилизира функцијата на рибозомите (ribosome), кои се главната „машина“ за синтеза на протеините.

Во својот труд, истражувачите се фокусирале на работата на еден посебен вид на убиквитин, што се нарекува „К63“ и чија улога во процесот на убиквитинација не е доволно позната. За проучување на оваа „К63“ модификација, истражувачите користеле квасец кој е многу погоден организам како модел за работа. Но можеби многу позначајно е тоа што истражувачите откриле дека овој механизам е присутен и кај невроните кај глувците, што ја потврдува неговата функционалност кај цицачите, а со тоа и неговата важност за човечкото здравје.

За да ги потврдат своите наоди, истражувачите го спречиле создавањето на „К63“ во квасецот и откриле дека без „К63“, продукцијата на протеините е во огромна мера намалена, што ги прави клетките исклучително осетливи на стрес. 

„Овие наоди нудат можност за подобро разбирање на природата на  невродегенеративните болести, а во блиска иднина – можност дури и да доведат до соодветен начин на третман. Оксидативниот стрес и неможноста да се продуцираат нови протеини, значително ја намалува нормалната функција на невроните во телото. Следните истражувања во оваа област ќе бидат водени со многу подетални сознанија за тоа како реагираат клетките на стрес, што ќе овозможи подобро да се изолираат причините за невролошките оштетувања“ – заклучуваат истражувачите.


НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,230од 2014 година
ВКУПНО ДОНИРАНО—податоците се подготвуваат

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.