Кои витамини треба да ги конзумирате, а кои да ги избегнувате?

Покрај здравата исхрана и физичката активност, советите за здрав живот најчесто го вклучуваат и земањето на витамини. Но, дали е тоа навистина потребно? Децениските истражувања не успеале да откријат посериозни докази дека витамините и суплементите значително го подобруваат здравјето.

Вушност, неколку неодамнешни истражувања покажале дека земањето на одредени витамини може да биде дури и штетно, со тоа што некои се поврзуваат со зголемен ризик за појава на одредени видови на рак, додека други со појава на камен во бубрезите.

Еве кои витамини и суплементи би требало да ги земате, а кои да ги избегнувате.

Мултивитамини: Избегнувајте ги – сѐ што ви е потребно може да го добиете со балансирана исхрана

Со децении се претпоставуваше дека мултивитамините се од клучно значење за целокупното здравје. Витаминот Ц „за зајакнување на имунолошкиот систем“, витаминот А за подобрување на видот, витаминот Б за зголемување на енергијата.

Покрај тоа што ги добивате овие витамини преку исхраната, истражувањата покажале дека нивната прекумерна употреба може да биде штетна за здравјето.

Едно големо истражување од 2011 година, спроведено на 39.000 жени над 29 години, покажало дека жените кои долгорочно користеле мултивитамини, всушност биле изложени на севкупен поголем ризик од смрт, од жените кои не ги користеле.

vit

Витамин Д: Треба да се зема – помага во одржувањето на здрави коски, а тешко се добива преку храната.

Витаминот Д го нема многу во храната што ја јадеме, а е клучна состојка за здрави коски, бидејќи помага во ресорпцијата на калциумот. Изолжувањето на сонце му помага на телото да го продуцира витаминот Д, но тоа е тешко да се постигне во зимскиот период. Неколку неодамнешни истражувања покажале дека луѓето кои секојдневно земаат суплементи со витамин Д, просечно живеат подолго од тие кои не земаат.

Антиоксиданти: Избегнувајте ги – вишокот се поврзува со зголемен ризик од појава на некои видови на рак, а можете да ги обезбедите преку овошјето.

Витамините А, Ц и Е се антиоксиданти кои во изобилство ги има во многу овошја – особено во бобинките, како и во зеленчукот.  Познати се по нивната наводна способност дека штитат од рак.

Но, истражувањата укажуваат дека ако се земаат прекумерно, антиоксидантите всушност можат да бидат штетни. Една голема долгорочна судија, спроведена на мажи пушачи, покажала дека тие што редовно земале витамин А имале поголема веројатност да добијат рак на белите дробови, од тие кои не земале. Во еден преглед на истражувањата со кои биле опфатени различни антиоксиданти од 2007 година се наведува дека „Третманите со бета каротен, витамин А и витамин Е, може да ја зголемат смртноста“.

Витамин Ц: Избегнувајте го – најверојатно нема да ви помогне побрзо да оздравите од настинката, а наместо тоа, може да го јадете цитрусни овошја.

Возбудата околу витаминот Ц започна по предлог на хемичарот Линус Паулинг во 1970-тите и кулминирше со многубројни суплементи. Но, многубрјните истражувања покажале дека витаминот Ц не помага многу како превентива од настинка. Покрај тоа, огромните дози од 2.000 милиграми и повеќе можат да го зголемат ризикот од развој на камен во бубрезите.

Затоа, најдобро е витаминот Ц да го обезбедите преку храната – јагодите, на пример се полни со овој витамин.

strawberries

 

Витамин Б3 : Избегнувајте го – наместо тоа, јадете цвекло, туна или лосос.

Со години витаминт Б3 беше промовиран за лекување на сѐ, од Алцхајмер до срцеви забувања. Сепак, неодамнешните истражувања им ставија крај на прекумерните  препораки за овој витамин.

Едно обемно истражување од 2014 година, со кое биле опфатени 25.000 лица со срцеви заболувања, покажало дека долгорочно користење витамин Б3 за да се подигне нивото на „добриот“ или ХДЛ холестеролот, не ја редуцира инциденцата од инфаркти, мозочни удари или смртни случаи. Покрај тоа, кај лицата во истражувањето кои земале Б3 суплементи била поголема веројатноста да развијат инфекции, проблеми со црниот дроб и внатрешни крварења, во споредба со тие кои земале плацебо.

Пробиотици: Избегнувајте ги – науката сѐ уште не е доволно напредна да докаже дека од нив има  значителна корист, а наместо тоа, пијте јогурт.

Пробиотиците, во мали количини се наоѓаат во јогуртот и другата ферментирана храна, но како суплемети станаа голем бизнис во последните години.

Идејата со пробиотиците е едноставна: да се поддржи растот на трилионите бактерии кои се наоѓаат во нашите црева, за кои се знае дека имаат клучна улога во одржувањето на здравјето.

Но, спроведувањето на оваа идеја во пракса е малку покомплицирано. Засега, резултатите покажуваат дека тие понекогаш помагаат, понегогаш не. Па затоа наместо веднаш да посегнете по пилулата која ветува дека е лек за сѐ, каснете малку парфе.

Цинк: Треба да се зема – тоа е една од состојките кои го скратуваат времетраењето на  настинката

Се смета дека цинкот влијае на размножувањето на риновирусите кои ја предизвикуваат настинката.

Едно истражување од 2011 година покажало дека лицата кои земале цинк имале поблаги симтоми и побрзо се опоравувале од настинката, во споредба со лицата кои земале плацебо.

Витамин Е: Избегнувајте го – вишокот се порзува со зголемен ризик од развој на одредени видови на рак, а наместо тоа, јадете спанаќ.

Витаминот Е  беше познат по тоа дека наводно штити од рак. Но, една обемна студија од 2011 година во која зеле учесто околу 36.000 мажи, покажала дека ризикот од појава на рак на простата всушност бил поголем кај мажите кои земале витамин Е, во споредба со мажите кои земале плацебо. Една друга студија од 2005 година, покажала дека високите дози од витамин Е, севкупно се поврзани со повисок ризик од смрт.

Затоа, ако сакате повеќе витамин Е, направете салата од свеж спанаќ, наместо да земете таблета.

eating-healthy

Фолна кислина: Треба да ја земате ако сте бремени или планирате бременост

Фолната киселина е витамин Б што нашето тело го користи за создавање нови клетки.

Се препорачува бремените жени или жените што планираат бременост да земаат 400 микрограми фолна киселина дневно, бидејќи нивното тело има зголемена потреба од оваа важна состојка додека се развива фетусот.

Покрај тоа, неколку големи студии го поврзуваат додавањето на фолна киселина пред и за време на беменоста со намалена стапка на дефекти на невралната цевка – сериозен и животно загрозувачки дефект на мозокот, ’рбетот и ’рбетниот мозок на бебето.

Статијата е објавена во „Business Insider“.

Поддржете ја нашата работа: