Колку е научно точен филмот „Марсовецот“?

Филмот „Марсовецот“ (The Martian) што почна да се прикажува минатата година, со Мет Дејмон во главната улога, многу брзо стана популарен во целиот свет и беше номиниран во 6 категории на овогодинешните оскари. Фактот дека е првиот филм што „реално“ го прикажува човекот на Марс, како и пофалбите што  научниците од НАСА ги искажаа за филмот, допринесоа популарноста на филмот неколкупати да порасне.

Сепак, во многу филмови има работи кои на големото платно изгледаат извонредно, но немаат многу допирни точки со реалноста. Доктор Роберт Зубрин, астронаутски инженер, кој е исто така и основач на непрофитабилната организација „Mars Society“ и ко-автор на проектот „Mars Direct“ коментира колку се реални некои аспекти прикажани во филмот.

ПредходнаСледно

11 Живеалиштето

Импровизираното живеалиште каде што престојува астронаутот за време на неговиот престој на Марс е сосема реално. Всушност, и модулот на  „Bigelow Aerospace“ што НАСА сериозно планира да го постави на Меѓународната вселенска станица, во основниот дизајн не се разликува многу од оној што е прикажан во филмот.

1. Живеалиштето

22 Бурите на Марс

Атмосферата на Марс е многу потенка од атмосферата на Земјата. За појасна претстава тоа би значело – ветар што дува со брзина од околу 100 км/час на Марс има ист ефект со ветар со брзина од околу 11 км/час на Земјата. Ветер со ваква јачина тешко дека ќе ви предизвика пречки во одењето, а камоли да ве подигне од земја како што тоа е прикажано во филмот. Всушнст и Енди Вир, авторот на книгата по која е снимен филмот, се сложува дека сцените со бурата во филмот се претерани.

2. Бурите на Марс

33 Времето потребно да се стигне до Марс

Ова би можело да се каже дека е потполно точно. За разлика од многу други филмови кои се фокусираат повеќе на драматичноста, а помалку на ужасно долгото патување до Марс, „Марсовецот“ е потполно во право кога открива дека со технологијата што денес ја имаме на располагање ќе бидат потребни околу осум месеци за да се стигне на Марс.

3. Времето потребно да се стигне до Марс

44 Гравитацијата

Грвтацијата на Марс изнесува околу една третина од гравитацaјата на која сме изложени на Земјата. Тоа значи дека човек што на Земјата тежи 90 килограи, на Марс ќе тежи 30 килограми. Што тоа практично значи за луѓето кога би живееле на Марс? Дури и да ја носат комплетната опрема на себе астронаутите нема да ја чувствуват тешка, но во една сцена се гледа дека Марк (астронаутот) прилично се напрега кога се качува по скала. Качувањето на скала, па и движењето наоколу, на Марс би било многу полесно отколку на Земјата, благодарение на помалата гравитација во споредба со Земјата.

4. Гравитацијата

55 Синтетизирањето на вода

Марк го зема хидразинот од ракетното гориво и го разложува на двата составни елементи т.е. на азот и водород. Потоа, го пали со кислородот во кабината за да добие вода. Овој начин на добивање вода дефинитивно функционира, па овој детал во филмот е точно прикажан.

Иако овој начин на синтетизирање на вода би можел да им служи на луѓето на Марс, сепак попрактично би било водата да се извлече од почвата.

5. Синтетизирањето на вода

66 Ракетата без прозори

Пред крајот на филмот, Марк се врзува во ракетата која е неговата единствена шанса за преживување. Но, ракетата нема прозори. Може ли да замислите да бидете исфрлени во вселената во ракета која нема прозори? Научно, тоа е можно. Атмосферата на Марс е прилично тенка што значи дека може да стигнете доволно високо во атмосферата пред всушност да започне заканата за вашиот опстанок. Се зависи од перформансите на ракетата и бидејќи пресметките изгледаат точни (во филмот), тогаш да, тоа би можело да успее.

6. Ракетата без прозори

77 Тоалетите

Ова е малку чудно прикажано. Во филмот, фекалиите се запечатуваат поединечно и се складираат за подоцнежни испитувања. Најефикасна опција за справување со овој проблем би била фекалиите да се запечатуваат во пластични ќеси и еднаш дневно да се запалат. Секако најкорисно би било од фекалиите преку серија процеси да се добие гориво (за ова ќе треба дополнителен напор, но ако сте стационирани на Марс, ќе имате доволно време). Пакувањето и складирањето на фекалиите за подоцнежни истражувања не е многу практично.

7. Тоалетите

88 Компирите

Веројатно најгенијалниот дел од целиот филм е идејата на Марк да почне да одгледува компири на Марс. Дали е тоа всушност можно?

Најголемата замка во таа идеја е квалитетот на почвата (бидејќи, за останатите витални фактори, Марк веќе се погрижил). Тоа значи, што се однесува до основните хемикалии и содржината на минерали, да, одгледувањето на компири на Марс би можело да успее. Всушност истражувачите во НАСА прават експерименти со симулации на почвата од Марс.

Покрај ова, во филмот има и неколку сцени што навистина го одземаат здивот и го одвојуваат овој филм од останатите вселенски трилери. Самата идеја човекот да отиде на Марс и практично сам да преживее ви предизвикува морници. Тука е силната морална порака за сите гледачи на филмот – колку и да изгледаат тешко условите на прв поглед, секогаш има светло на крајот од тунелот.

Текстот е преземен од „Science ABC“.

8. Компирите
ПредходнаСледно