Колку е важно во каква позиција спиете? (+ВИДЕО)

На сите ни е познато дека спиењето е многу важно за одржување на добро физичко и ментално здравје. Но, времетраењето на спиењето е подеднакво важно како и начинот на спиење.

Позицијата во која спиете може да влијае на вашето здравје. Така на пример, спиењето на грб може да биде опасно особено за лицата кои страдаат од апнеја или астма, бидејќи може да предизвика потешкотии при дишењето. Спиењето на десна страна ја влошува дигестијата, додека спиењето на вашата лева страна ја олеснува лимфната дренажа, ја олеснува работата на срцето, овозможува здрава функција на слезината и полесно варење на храната.

sleeping-on-the-left-side

Погледнете го видеото каде д-р Џон Дуилард ги објаснува огромните здравствени придобивки од спиењето на лева страна.

Поддржете ја нашата работа: