Компјутер што работи на вода

Компјутерот е во изработка речиси една деценија, а Пракаш ја добил идејата уште кога бил студент. Оваа работа ја комбинира експертизата во манипулирањето со динамиката на капки течност, со основниот елемент на компјутерските науки – оперативниот часовник, без кој телефоните, авионите, интернетот и сл. би имале компликации при работата. Поради својата универзална природа, компјутерот теоретски може да ја извршува секоја работа како и конвенционалниот компјутер, но значително побавно. Но, Пракаш и колегите имаат поамбициозна примена на ум.

„Веќе имаме дигитални компјутери за обработка на информации. Нашата цел не е да се натпреваруваме со постоечките компјутери, туку да создадеме целосно нова класа на компјутери кои ќе можат прецизно да ја контролираат и да манипулираат со физичката материја. Оваа технологија може да има примена во хемијата и биологијата, а можеби и во дигиталното производство“, вели Пракаш.

Тој се запрашал – Што ако капките може да се искористат како битови на информации, а нивното движење да се искористи за да се обработат информациите и физичката материја истовремено?! Така, решил да изгради ротирачко магнетно поле кое би дејствувало како часовник за да ги синхронизира капките, бидејќи причината поради која компјутерите работат толку прецизно е тоа што секоја операција се случува синхронизирано. Поставил мали железни решетни на парче стакло (нешто слично како лавиринтот во играта “Pac Man“). Потоа, поставил друго парче стакло одозгора (како сендвич) и слој масло измеѓу. Потоа внимателно инјектирал капки вода помешани со мали магнетни наночестички. Се секој ротација на полето се менувал поларитетот на железните решетки и магнетизираните капки добивале нова насока.

Сегашните чипови се големи колку половина поштенска марка, а капките се помали од семки од афион, но научниците ќе продолжат да ги прават помали за да може да извршуваат што повеќе операции. Тимот на научници ги откри основните правила на дизајн, но планира и алатките за дизајнирање да ги направи достапни за јавноста, за секој којшто е заинтересиран да може да си дизајнира вакво коло.

Резултатите се објавени во тековното издание на „Nature Physics“.

 

Поддржете ја нашата работа: