, како што се аутистичен спектар на нарушувања (АСН) и синдромот на недостаток на внимание и хиперактивност (АДХД), според прегледот во „Јournal of Developmental & Behavioral Pediatrics“.
Постои недостаток на истражувања кои покажуваат клиничка корист од канабисот за млади пациенти со овие нарушувања, додека поголем број докази укажуваат на штетните ефекти на редовната употреба на марихуана за мозокот во развој. Докторите пишуваат: „Со оглед на тековниот недостаток на податоци, канабисот не може безбедно да се препорачува за третман на нарушувања”.
„Децата со облици на аутизам не може да комуницираат вербално и користат гласни повторувачки крици и мавтање со рацете. Тоа е многу вознемирувачки за нивните семејства и сите оние околу нив“, коментира д-р Најт, главниот автор на студијата. „Значи, моето срце излегува во пресрет на семејствата кои се во потрага по нешто, било што, да им помогнат на своите деца”, продолжува тој. „Но, со користењето на медицинска марихуана тие може да ја влошат иднината на своите деца, на сметка на краткорочна контрола на симптомите.
Познати штетни ефекти на марихуаната за децата и тинејџерите
Прегледот беше поттикнат од брзите промени во американската политика за марихуана. Имено, употребата на медицинската марихуана е дозволена во повеќе институции. Сред оваа промена, пациентите и семејствата се повеќе се прашуваат дали канабисот и неговите деривати може да имаат терапевтска корист за голем број на состојби.
Наодите од анализата се следни:
- Постојат сèповеќе докази за долгорочни и потенцијално неповратни физички, невро-когнитивни и психолошки негативни последици.
- Со текот на времето, редовната употреба на канабисот е поврзана со континуиран пад на коефициентот на интелигенција и зголемен ризик од зависност, депресија, анксиозност, психотичното мислење и уште низа последици.
- Што се однесува до ефектите кај деца со аутизам, нема многу докази, но сепак ситуацијата е алармантна.
А сепак, голем број на групи се залагаат за употреба на „медицинска марихуана” за деца со аутизам, АДХД и други развојни нарушувања. Овие групи често ги наведуваат доказите од истражувања на животни или од мал број на клинички извештаи кои ги нагласуваат корисните ефекти на канабисот кај децата.
Овој тренд, заедно со зголемувањето на подготвеноста на лекарите да препишуваат канабис, може да резултира со издавање на марихуана за медицински цели и дозволи за дијагнози за кои нема податоци за ефикасноста, безбедноста или подносливоста.
Важно е лекарите кои практикуваат рецепти за марихуана, да ги потенцираат долгорочните здравствени и невропсихијатриски последиците од редовна употреба.