Контрола на гените со мисла

Инспирација за ваквиот систем за регулација на гените била играта „Mindflex“ каде што  играчот носи специјални слушалки кои имаат сензор на челото што ги бележи мозочните бранови. Мозочните бранови контролираат вентилатор кој го води топчето да ги поминува пречките.
Истражувачите, по тој пример, исто така, користеле слушалки за да ги регистрираат мозочните бранови. Потоа, мозочните бранови бежично се пренесуваат преку „Bluetooth“ до контролор, кој генерира електрично поле кое го снабдува имплантот со струја. Потоа, имплантот, односно ЛЕД светилка, испушта инфра-црвена светлина која ги осветлува клетките кои почнуваат да го лачат посакуваниот протеин.  Истражувачите ја употребиле инфра-црвената светлина, бидејќи не е штетна за човечките клетки , навлегува длабоко во ткивата и овозможува визуелно да се следи функцијата на имплантот.

Имлантот првично бил тестиран на клеточни култури и глувци и бил контролиран од мислите на различни субјекти. Истражувачите, за тестот употребиле „SEAP’, односно човечки протеин лесен за детекција кој истекува од комората со клетки, од имплантот во крвотокот на глушецот. За регулирање на количеството на ослободениот протеин, субјектите кои учествувале во тестот, според состојбата на мислите, биле категоризирани во три групи: био-фидбек , медитација и концентрација. Најголемо количество на ослободен протеин во крвотокот на глушецот е забележано кога субјектите биле во фаза на медитација, додека кога биле во фаза на концентрација било ослободено просечно ниво на протеин. Субјектите, преку визуелниот фидбек, односно преку набљудувањето на ЛЕД светилката од имплантот во телото на глушецот, биле во можност свесно да ја вклучат и исклучат светлината, што резултирало со различни количини на ослободен протеин во крвотокот на глушецот.

Истражувачите се надеваат дека имплантот што се контролира со мисли ќе може еден ден да помогне во борбата против некои невролошки болести, како што се хроничните главоболки, болките во грбот и епилепсијата, преку детекција на специфични мозочни бранови во рана фаза и поттикнување и контрола на соодветни агенси во имплантот во вистинско време.

Овој систем неодамна е опишан во списанието  „Nature Communications“

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.