Космолозите одамна сметаат дека универзумот е составен од галаксии кои се поврзани заедно преку гравитацијата. Но, како всушност изгледа оваа „космичка мрежа“?
Токму на ова работеле истражувачите од Центарот за комлексни мрежи при Универзитетот Нортвестерн. Тие создале три компјутерски модели за можните врски помеѓу 24.000 галаксии и потоа ги споредиле со реално ноќно небо. Нивното истражување беше објавено во „ArXiv“, на почетокот на овој месец, но визуелниот приказ на нивното дело е прикажан веб страницата на лабораторијата.
Иако вистинските врски помеѓу галаксиите не се видливи (бидејќи гравитацијата не е нешто што може да се види директно), визуелизацијата ви овозможува да ги истражувате овие врски слични на пајакова мрежа кои ги поврзуваат галаксиите, да ги зумирате и намалувате и да манипулирате со минијатурен универзум. Ова изгледа прекрасно, но исто така може да биде од помош математички да се објасни структурата на нашиот Универзум.
Визуелизацијата е и во конкуренција за наградата избор на народот на натпреварот на магазинот „Science“.