Крај на зимата

Денеска е последниот ден од зимата. Утре во 5:30 часот, на северната хемисфера почнува пролетта.

Заради наклонот на Земјината оска, се менува аголот под кој Сончевите зраци ја осветлуваат површината и се менуваат годишните времиња. Колку подиректно паѓаат Сончевите зраци, загревањето е подобро, што се поврзува со летото, а колку е поголем аголот во однос на нормалата, загревањето е послабо, што се врзува со зимата.

На Земјата и се потребни 365 дена да се заврти околу Сонцето, но бидејќи Земјиниот екватор е под агол од 23,5 степени во однос на рамнината на патеката на движење околу Сонцето, оваа ѕвезда не ги грее двете хемисфери подеднакво. Кога северниот пол е навален кон Сонцето, на северната хемисфера е лето, а кога е навален спротивно, на северната хемисфера е зима.

На првиот ден на пролетта, Сонцето изгрева директно на исток, а заоѓа директно на запад, додека неговите зраци паѓаат под прав агол на екваторот.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,231од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.