Хокинговата радијација која ја предложи физичарот Стивен Хокинг во 1974 година опишува мали количини на високо-енергетски зрачења кои теоретски би можеле да избегаат од гравитацијата на црната дупка. Оваа хипотеза се спротиставува на конвенционалното мислење дека ништо, дури ни светлината, не може да избега од црната дупка.
Сега, за прв пат, физичарите конечно успеаа да ја детектираат Хокинговата радијација во симулирана црна дупка.
Да разјасниме, Хокинговата радијација ќе остане само хипотеза се додека не се детектира во вистинска црна дупка, но нашата технологија не е ни приближно толку напредна за во моментов да се направи тоа.
Затоа физичарите ја тестираат оваа хипотеза во симулации на црни дупки создадени во лабораторија и засновани на звук, а не на светлина, кои се познати како акустични црни дупки. Овие акустични црни дупки го имитираат однесувањето на вистинските црни дупки во некои клучни настани, па затоа се сметаат како доста добра замена.
Џеф Стајнхауер, физичар од Израелскиот институт за технологија во Хаифа, веќе седум години работи на една таква акустична црна дупка и сега конечно ја усовршил до точка каде што може точно да симулира како би се однесувале честичките на работ, односно на хоризонтот на црната дупка.
При експериментот, тој го видел точно тоа што Хокинг го предвидел – пар фонони (со звучна енергија) почнале спонатано да се појавуваат на хоризонтот на црната дупка кога едното од нив се одалечило од црната дупка и зрачело во симулираниот простор, додека другото било проголтано.
Ќе биде потребно многу време за да се повторат и потврдат овие резултати, но научниците продолжуваат со истражувањата.
Ова истражување е објавено во „Nature Physics“.