Луѓето ја населиле Австралија многу порано отколку што се мислеше

Археолозите пронашле артефакти кои покажуваат дека Абориџините во Австралија се присутни најмалку 65.000 години.

Ова откритие укажува дека нивното доаѓање на континентот било и до 18.000 години порано од тоа што преходно се сметаше.

До овој заклучок археолозите дошле откако ископале софистицирани артефакти во пештера во Северната Територија.

Ова сугерира дека луѓето пристигнале тука пред исчезнувањето на австралиската мегафауна, од типот на џиновските вомбати и џиновската месојадна гоана.

Се верува дека австралиските Абориџини претставуваат најстарата континуирана цивилизација на светот. Меѓутоа, меѓу научниците се дебатира за тоа кога тие мигрирале во Австралија, а проценките се движат од пред 47.000 до 60.000 години.

„Успеавме да го откриеме првото населување на Австралија, а тоа е околу 18.000 години порано од она што сметавме претходно“ вели водачот на истражувачкиот тим, професорот Крис Кларксон од Универзитетот во Квинсленд.

Ретките артефакти се пронајдени во пештерата Мадједбебе во близина на националниот парк Какаду и „упатуваат на иновативна и динамичноа првобитна окупција на Австралија од страна на Абориџините“, вели професорот Кларксон.

„Пронајдовме прекрасни камени секири со жлебови на едниот крај на кои веројатно со смола биле прицврстени рачките“- вели Кларксон.

An edge-ground hatchet head being revealed

Истражувачите пронашле и делови од рефлективни минерали кои веројатно виле користени за цртање и боење.

„Тоа ни говори дека овие луѓе имали и уметнички активности“– вели професорот.

Од 1970-тите на овој локалитетот во Северната Територија направени се четири ископувања и во најниските слоеви откриени се повеќе од 10.000 артефакти.

Во текот на ископувањата археолозите соработувале со локалното население – припаници на народот Мирар, кои се традиционални сопственици на областа.

Map

Истражувањето е објавено во списанието Nature.

 

Поддржете ја нашата работа: