Магијата на небото навечер

Годишниот натпревар во фотографија, сега веќе шести по ред, има за цел да привлече внимание на феноменалната природна убавина на нашето темно небо, но и да покаже како е загрозено од загадувањето со светлината.

Темата на натпреварот беше „Важноста на темното небо“, а сликите беа оценувани во две категории: „Убавината на ноќното небо“ и „Наспроти светлата“. Учесниците требаше да достават слики на кои се опфаќа небото ноќе и копнениот пејсаж.

Од околу 1.000 фотографии направени од професионални фотографи и аматери, прогласени се 10 најдобри, а за севкупен победник е прогласен Ерик Натан од Јужна Африка, со фотографијата „Ѕвездени траги на небото над планината Тејбл“.

„Небото над нас е составен дел од нашата природа, наследство за нас и за другите видови на оваа планета“, рече Бабек Тафреши, директор на „Светот ноќе“ и претседател на натпреварот. „Главната цел на натпреварот е да се прикаже небото ноќе во поширок контекст кој ги поврзува сите“.

Натпреварот е поддржан од Националната оптичка астрономска опсерваторија и Астрономи без граници. Основан е во 2008 година од страна на интернационалната програма „Светот ноќе“ и проектот „Dark Skies Awareness“.

 

 „Ѕвездени траги над планината Тејбл“ победник во категоријата „Спроти светлата“ и севкупен победник (Ерик Нтан)

Фотографијата на Бен Кофман ги прикажува Млечниот Пат и Месечината над Националниот парк „Crater Lake“ во Орегон САД , во јасно зимско утро.

„Крвава месечина над реката Чонгкинг“ со помош на фото-секвенци го покажува затемнувањето на Месечината, почнувајќи како црвен диск, кој постепено излегува од сенка (Zhou Yannan)

„Над и под“, го покажува ноќното небо наспроти вештачкото светло од градот под него. Направена е од Евгени Триско во градот Пјатигорск во Русија.

„Salar de Uyuni“ во Боливија, најголемата солена рамнина во светот, изгледа уште повеќе како од  некој друг свет наспроти лакот од Млечниот пат, на сликата наречена „Прошетка на Ѕвездената река“ од Карен Зао.

„Куполата“ прикажува панорамски поглед од 180 степени на северната светлина или „Аурора Бореалис“ на Исланд (Сигурдур Вилијам Бринјарсон)

Месечевата светлина и Млечниот пат ја осветлуваат планината Рение во Вашингтон, на сликата „Moonlight Darklings” од Бред Голдпеинт.

„Ѕвездени патеки над Бромо“ ги покажува вулканите во Источна Јава, Индонезија, над кои ѕвездите изгледаат како да ротираат околу јужниот ѕвезден пол (Hui Chieh Teoh)

Втората наградена фотографија на Триско „Над светлосното загадување“, го покажува Млечниот пат како се појавува од облаците, со опсерваторијата Терскол во срединатa, во близината на планината Елбрус.

„Маѓепсаната шума“ е победник во категоријата „Ноќно небо“ и ја покажува северната светлина над снежен предел во Мурманск, Русија.

Поддржете ја нашата работа: