Оваа техника е позната како транскранијална магнетна стимулација (ТМС) и веќе е покажано дека на овој начин може да се третира перзистентна депресија, како и да се подобри меморијата кај луѓето, да биде од помош кај лицата со Паркинсон и да им помогне на лицата после мозочен удар повторно да зборуваат. Но, ова е прв пат, истражувачите да покажат како точно функционира на невролошко ниво и резултатите се прилично импресивни.
Десната предна инсула е дел од префронталниот кортекс и хиперактивноста во овој региеон е поврзана со симптомите што ги имаат пациентите кои страдаат од депресија. Истражувањето покажало дека после примената на моќните магнетни импулси директно во тој дел кај 16 здрави лица и кај 16 пациенти со силно изразено депресивно растројство, ТМС може да ги успори активностите во тој дел кај пациентите со депресија. Покрај тоа оваа метода е безболна, а единствени несакани ефекти се повремените главоболки.
Кај оваа техника потребно е уредот само да се постави на главата на пациентот. Но и покрај тоа, ТМС во 2008 година добила одобрение од Американската администрација за храна и лекови за ограничена употреба кај третман на депресија и сѐ уште нема широка примена.
Ова е прва студија каде ТМС импулсите се водени преку скен со магнетна резонанца, а потоа се мерени промените што тоа ги предизвикува во мозокот. Наодите покажуваат дека ова би можело да биде посакуваната алтернатива за една третина од пациентите кои не реагираат на традиционалните лековите за депресија. Сега на овие пациенти им се препорачува електроковулзивна терапија (ЕКТ) или терапија со електрошокови, за кои е познато дека понекогаш се ефикасни, но за тоа е потребна анестезија, а се поврзуваат и со несакани ефекти како што е губењето на меморијата. Потаргетираните форми на кратки електрични импулси се покажале полесни, но и тука е потребно пациентот да биде под општа анестезија, а потребни се и повеќе повторувања. Научниците сѐ уште во потполност не знаат како функционира ЕКТ.
Од друга страна, ТМС не бара никаква претходна медикација, а се чини дека почнува да делува веднаш после првиот третман.
Се разбира, истражувањето има неколку големи ограничувања, меѓу кои и малиот примерок од испитаници. Ито така, нема докази за тоа колку се долготрајни овие невролошки промени. Но, поминати се 30 години од првиот вистински третман за депресија, а ова истражување им ја дава толку посакуваната надеж на пациентите и нивните семејства.
Истражувањето е направено од научниците од Универзитетот во Нотингем, Велика Британија и е презентирно на Европскиот колеџ за невропсихологија, на конференцијата одржана во Амстердам.