Доколку постоеа само ѕвездите, одамна ќе бевме отфрлени од нашата галаксија. Нашата галаксија содржи некаков материјал кој ја поврзува и е застапен 6 пати повеќе од секој атом од секој елемент во периодниот систем. Тој материјал е познат како црната материја.
Црната материја е невидлива и може да се забележи само преку ефектот кој нејзината гравитација го има на нештата кои можеме да ги видиме, како на пр. зраци светлина – ефект познат како гравитациска леќа. Неодамна објавеното истражување за црната материја, со помош на овој ефект и со помош на телескопот „Бланко 4м“, ни покажува голема мапа на црната материја.
Бојата ја претставува црната материја движејќи се од сина (каде што ја има најмалку) до црвена (каде што е најзастапена). Со кругови се обележани галаксиите и кластерите.
Значи веќе имаме мапа и знаеме каде се наоѓа, па ни треба телескопот „Хабл“ за директно да ја зумираме.
Светлина против темнина
На Земјата, научниците користат акселератори на честици за да откријат од што се состои одредена материја, при што честиците со огромна брзина се судираат едни со други, а научниците испитуваат што произлегува од тој судир. Ова е принципот на работа кај сите досегашни експерименти, почнувајќи од откривањето на атомите во 1908 година, па се до Големиот хадронски судирач во ЦЕРН. Но, не можеме да земеме примерок од црната материја, ниту пак да имаме некаква интеракција со неа. А сепак, природата го прави тоа за нас, па можеме да гледаме што се случува со црната материја кога галаксиите или кластерите (група галаксии) случајно се судруваат едни во други.
Астрономски судирач на честички
Еден добро проучен судир, познат како „Куршум кластер“ (Bullet Cluster) обезбедува најдобри докази досега за постоењето на црната материја. Но, нивното толкување е тешко, па научниците се обидуваат да ја реконструираат сцената при судирот. Тие неодамна набљудуваа 72 судири на црната материја околу кластери на галаксии и потврдија дека црната материја е во многу мала интеракција со се останато.
Ефектот на црната материја
Сега, научниците објавија набљудувања од 73-ти судир кој е поблиску до Земјата и е во согласност со гравитациската леќа, при што научниците имаат совршен агол за да ја следат црната материја. Новиот судир вклучува индивидуални галаксии кои остануваат доволно непроменети од огромните гравитациони сили кои ги влечат и го предизвикуваат нивниот судир. Ако невидливата црна материја почувствува дури и мал износ на триење, ќе прерасне во забележлив остаток позади видливите ѕвезди.
Научниците откриле дека црната материја е навистина малку оддалечена од ѕвездите, но гасот што првично ги придружува галаксиите толку многу се забавил од судирот што исчезнал, па научниците немаат со што да го споредат однесувањето на црната материја, ниту пак го знаат точното времетраење на судирот. Сето ова, го отежнува интерперетирањето на доказите.
Хипотеза
Можно е да постои посекојдневно објаснување за целиот овој процес, па научниците со помош на Институтот за компјутерска космологија при Универзитетот Дурам ќе се обидат да направат симулации на милиони судири на кластери со различна физика, за да видат дали можат на друг начин да го репродуцираат забележаниот ефект на црната материја.
Помислата дека црната материја може да има макар многу мала интеракција со други сили освен гравитацијата е извонредно привлечна и претставува почеток на откривањето на незините хемиски својства.