Марс бил преобразен од мега-цунами?

Огромни цунами предизвикани од удари од метеори што ја погодиле северната рамнина на Марс пред повеќе од 3 милијарди години радикално ги преобразиле древните мориња на Црвената планета. Ова се наодите на едно ново истражување што беше објавено во „Nature’s Scientific Reports“.

Овие наоди, кои се базирани на геолошките мапирања, може да обезбедат нови индиции во потрагата по живот.

Вакви мега-цунами веројатно биле многубројни во текот на стотиците милиони години, но истражувањето се фокусира на два, кои се случиле со временско растојание од неколку милиони години.

Првото од нив однело карпи и отпад многу километри во внатрешноста, додека второто се подигнало во многу поладен период, исфрлајќи големи ледени блокови кога брановите мрзнеле во воздухот.

Второто цунами може да обезбеди подлога за потрага по знаци на живот од почетокот на историјата на Марс. Ледените блокови кои ги исфрлило веројатно содржат вода од древниот океан, на тој начин претворајќи ги во временски капсули стари милијарди години.   

Овие ледени примероци се наоѓаат во близина на местото на слетување на сондатаMars Pathfinder“ и истражувачите истакнуваат дека идните сонди би можеле да собираат и анализираат примероци.

Депозити кои најверојатно биле предизвикани од цунами
Депозити кои најверојатно биле предизвикани од цунами

Наодите од истражувањето исто така ја  поткрепуваат и теоријата дека поплавите што се случиле пред околу 3,4 милијарди години ја трансформирале големата северна рамнина на Марс во голем океан, се вели во истражувањето.

Некои научници ја оспоруваат оваа забелешка, нагласувајќи дека наводната крајбрежна линија на овој одамна исчезнат океан денеска е испрекината и нерамна и не претставува предел што обично се среќава кај океаните.

Главниот автор и истражувач од Планетарниот научен институт во Тусон, Алексис Родригез изјавува: „Нашите откритија се усогласуваат со хипотезата за океанот, но со збунувачко отсустви на крајбрежна линија со постојана надморска височина”.

Родригез и неговиот тим ја лоцирале нултата точна на цунамите во два кратера – секој со големина од 30 километри во пречник.

Џиновските бранови достигнувале во просек 50 метри во височина, но веројатно се издигале и до височина на една 30-катна зграда кога го еродирале крајбрежјето  и навлегувале во внатрешноста.

Секој од нив поплавил области со големина колку Франција и Германија заедно, пред да се повлечат назад во првичното марсовско море.

„Не постои друго објаснување за откриените формации“ – вели Родригез.

Експертите имаат поделени мислења за ова, па со нетрпение ги очекуваме понатамошните истражувања.

Поддржете ја нашата работа: