Мексиканците развија евтин „Соларен Фрижидер“

Прототипот развиен од истражувачите од  Истражувачкиот Оддел при Институтот за наука на Универзитетот во Пуебла, во централно Мексико, работи 24 часа и лади во период до три месеци.

Системот е евтин, лесно се изработува и е еколошки корисен. Работи на сончевата радијација, а ладењето се постигнува со помош на термодинамичките принципи на адсорпција-десорпција кои траат 24 часа. Метанол се користи како разладувач, а минералот зеолит како адсорбент.

Системот има две етапи: во текот на денот- затоплување, десорпција и период на кондензација. Сончевата енергија го загрева зеолитот и го зголемува притисокот од испарувањата од метанолот, разладувачот кондензира и се складира во резервоар.

Во тек на ноќта се остварува процесот на ладење, се постигнуваат периодите на адсорпција и испарување. Температурата на адсорбентската подлога се намалува по заоѓање на сонцето, притисокот на разладувачот се редуцира и испарува, додека адсорбентот се лади. Во текот на тој период разладувачот почнува да испарува и повторно се одсорбира од зеолитот, генерирајќи разладни температури од 5 степени Целзиусови. Процесот на адсорпција продолжува цела ноќ, се до утрото.

Опремата е составена од сончев колектор, адсорбциона подлога, кондензатор и испарувач. За да го направат, истражувачката ја пресметала количината на вода што треба да се олади, за да одреди колку зеолит да се користи. Земена е во обѕир и собната температура, во овој случај 20 степени Целзиусови.

Системот може да се користи не само за ладење на храна, туку може да служи и како клима уред, на пример, а во области каде нема струја, системот може да се адаптира и да послужи за заштита на храната и лековите и да им го подобри квалитетот на животот на луѓето во таквите области – вели Толедо Флорес.

Проектот беше претставен на Меѓународниот Конгрес за соларна енергија  во Германија.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,236од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.