Микроорганизми на Меѓународната вселенска станица

НАСА и нејзините партнерски агенции преземаат силни мерки за да ја редуцираат можноста микроорганизмите да се пренесат на МВС преку товарот што пристига на станицата. Но, сепак, самата станица шест месеци претставува дом на шест лица и нивните микроорганизми, кои преку нивните секојдневни активности се исфрлаат и може да ја контаминираат нивната изолирана средина.

За да откријат со какви микроорганизми се соочуваат астронаутите на МВС, истражувачите од НАСА направиле анализа на примероци од прав земени од филтрите за воздух и од ќеси од правосмукалките на МВС.

Анализите се направени со најсовремени методи за ДНК секвентирање. Овие анализи биле споредени со анализите на правта од ќесите од правосмукалки собрани од „чистите соби“ на НАСА на Земјата. Во овие простории со контролирана средина престојуваат дневно по 50 луѓе, кои исто така ги оставаат своите микроорганизми околу себе.

Резултатите покажале огромно присуство – 99,65% на „Actinobacteria“ во примероците од МВС, за разлика од 25.25% во примероците од чистите соби. Во родот „Actinobacteria“ спаѓаат и видовите „Corynebacterium“ и  „Propionibacterium“, кои според истражувачите може да бидат проблемѐтични. Во одредени услови може да бидат патогени и да предизвикаат иритации и воспаленија на кожата, нагласувајќи дека астронаутите што престојуваат долго време во услови на микрогравитација можат да имаат и намален имунитет.

Наодите што беа објавени во списанието „Microbiome“ ќе и  помогнат на НАСА за создавање на основа за натамошно следење на состобите на микроорганизмите на МВС, како и на останатите вселенски станици, ракети и претстоечки мисии на Марс.

 

Поддржете ја нашата работа: