Телескопот Хабл успеал да направи досега најјасна слика на Црвената правоаголна маглина. Маглината во средината има ѕвезда, иста како и нашето сонце, која е во процес на умирање.
Црвената правоаголна маглина, како што кажува и самото име, по форма е праваголна со впечатлива боја и всушност формира огромно „Х“. Во средината на маглината има сонце многу слично на нашето Сонце – или какво што ќе стане после околу 5 милијарди години.
Бидејќи оваа ѕвезда, која е наречена „HD 44179“ е во процес на умирање, таа емитира гас и други материјали со што ја формира оваа спектакуларна маглина.
Ова е досега најострата добиена слика и покажува како црвениот правоаголник практично формира „Х“-форма, со линии кои во вид на скала ги поврзуваат краците.
Слични вакви слики се забележени досега низ Млечниот пат и другите галаксии во последните 30 години , но дури сега можеме подобро да ги разбереме.
Според НАСА, „Црвената маглина претставува необичен пример за она што е познато како прото-планетарна маглина. Тоа се стари ѕвезди на пат да станат планетарни маглини. Откако исфрлањето на масата ќе се заврши, ќе остане ѕвезда бело џуџе и неговото блескаво ултравиолетово зрачење ќе предизвика околниот гас да свети.
Извор: Space.com