Пациентката Пем Рејнолдс имала таканаречено искуство блиску до смртта во САД 1991 година. Била на операција на аневризма во мозокот, а кај таквите операции од лекарите се бара да ја исушат цела крв во мозокот, или денес со нови методи, не се отвора черепот, туку со пункција на главниот крвен сад се доаѓа до мозочните артерии и аномалијата на мозокот се решава ендоваскуларно.
Мозокот на пациентката бил мртов 45 минути, а после оживувањето, Рејнолдс опишала разни искуства кои ги доживеала во периодот на клиничка смрт, како средби со нејзините најблиски кои се починати. Што е уште по неверојатно, таа можела да ги опише сите аспекти на постапките кои се одвивале и алатот кој го користеле лекарите во текот на операцијата.
Она што е невообичаено во нејзиниот случај е комбинацијата на искуства, она кое е блиску до смртта и вонтелесното искуство. Во продолжение ќе објасниме како е можно едно лице да се стекне со едно вакво искуство. Науката пронашла свој начин на кој го објаснува овој феномен. Две истражувања кои засебно студирале едно необично искуство во случајот на Рејнолдс, спроведени во 2007 година. Едното истражување го објаснува искуството блиску до смртта, а другото вонтелесното.
Речиси 18% од пациентите вратени во живот после срцев удар велат дека имале вакво искуство. Истражувањето од Универзитетот во Кентаки пронашло веродостојно објаснување за искуството блиску смртта. Теоретски, истражувачите тврдат дека тајната на тој феномен е облик на пореметување во текот на спиењето, односно влез во РЕМ фазата. При таквото пореметување, умот се буди пред телото и можат да се појават халуцинации и чувство на физичка одвоеност од телото.
Истражувачите веруваат дека ова е поточно упад во РЕМ фазата, после трауматски случувања како срцев удар. Ако е ова вистина, искуствата на некои пациенти при блиска средба со смртта е збунетост и неочекуван влез во состојба слична на сонот.
Другиот аспект на она што го доживеала Рејнолдс останува мистерија. Како една личност може да го гледа своето тело откако ќе умре? Иако вонтелесните искуства понекогаш се појавуваат засебно, природата им е различна од искуството блиску до смртта.
Сето ова допира до неколку слични истражувања. За да ја најде причината за епилептични напади, неврологот Олаф Бланке од Швајцарија, спровел тест за мапирање на мозокот. Користел електроди положени на мозокот со цел да установи кое подрачје ја контролира ваквата функција. Кога симулирал одредени области, пациентот доживеал неочекувано вонтелесно искуство. Бланке утврдил дека со електрична симулација на ангуларниот гирус, може да предизвика вонтелесни искуства.
Во секој момент мозокот е преплавен со информации. Како резултат на тоа станавме нечувствителни на звуците и сликите околу нас. Ангуларниот гирус е одговорен за сортирање на овие информации и класификација во една кохерентна група. Исто така тој е регија која го контролира разбирањето на сопственото тело и ситуацијата во просторот. Бланке верува дека овој регион е одговорен и за вонтелесните искуства.
Доколку ја земеме во предвид комбинацијата од овие две теории, резултатот и натаму не ни дава објаснување за вонтелесното искуство, но тоа не значи дека теориите се погрешни. Можеби ќе откриеме дека функцијата на органите е одговорна за искуството.
Доколку неврологијата не даде објаснување за тоа, мистеријата можеби ќе остане нерешена. Науката може да објасни „како”, додека „зошто” останува без одговор во овој случај. Објаснувањето на вонтелесното искуство може да ни отвори нова врата кон метафизичкиот свет, кој науката веќе подолго време сака да го истражи.