Најчестите заблуди за вселената

Можеби мислите дека знаете се’ за вселената, но всушност нејзината големина и законите на физиката кои владеат таму се тешко сфатливи. Па не е ни чудно што постојат многу заблуди за вселената, со оглед на нејзината големина, а малото познавање за истата. Вистинската наука е многу пофасцинантна од сите митови што некогаш сте ги слушнале.

Оваа епизода на „Mental Floss“ најпрво започнува со навистина основни факти за Сонцето кои многу од нас погрешно ги разбрале и продолжува со други многу интересни факти кои може да ве изненадат. На пример, сигурно мислите дека Меркур е најжешката планета во нашиот Сончев систем, бидејќи се наоѓа најблиску до Сонцето. Но, всушност, најжешка планета е Венера – втората најблиска планета до Сонцето. Како што се објаснува видеото, тоа е така поради нејзината исклучително густа атмосфера, па површината на Венера оддржува температури околу 462 степени Целзиусови. Погледнете го видеото!

enauka.mk
9,241наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.