Најголемиот телескоп на светот отворен за посетителите

Најголемиот радиотелескоп на светот „FAST“ (Five-hundred-metre Apertre Spherical radio Telescope),  кој се наоѓа во југозападна Кина е отворен за посетителите.

Според властите во областа Пинтанг каде е лоциран телескопот, бројот на посетители ќе биде ограничен на 2.000 дневно.

На посетителите не им е дозволено да носат никакви електронски уреди, вклучително и паметни телефони, во круг од пет километри, за да не се предизвикаат пречки во  работата на телескопот.

Изградбата на телескопот – кој има дијаметар од 500 метри започна во 2011 година и чинела 180 милиони долари. (повеќе  енаука.мк)

„FAST“ го надмина по големина телескопот  Аресибо во Порторико, кој има дијаметар од 300 метри.

enauka.mk
9,246наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,515денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.