Кина заврши со изградбата на најголемиот радио телескоп на светот, кој се протега на површина голема колку 30 фудбалски игралишта, на планинскиот предел од провинцијата Гижоу во Кина.

Телескопот се градеше пет години, со буџет поголем од 180 милиони американски долари, при што беа преселени повеќе од 9.000 луѓе од провинцијата за да се обезбеди доволно простор.

Овој отворен сферичен телескоп со дијаметар од 500 метри ( „Five hundred meter Aperture Spherical Telescope“ или скратено „FAST“) ќе се користи за истражување на некои од најмистериозните објекти во Универзумот, како што се црните дупки и пулсарите, како и за потрага по интелигентен живот во вселената. Ќе може да детектира радио бранови кои доаѓаат од вселената во досега невидени детали, и ќе ни овозможи да ѕирнеме назад во времето на мрежите од водороден гас кои постоеле уште пред да се формираат галаксиите во раниот Универзум.

Со 4.450 триаголни рефлективни панели, овој телескоп е изграден со сличен дизајн на опсерваторијата Аресибо во Порторико, што всушност претставува претходниот најголем радио телескоп на светот, со дијаметар од 300 метри.

Според Кинеската академија на науките, се очекува телескопот кој започна со работа на 25 Септември, да биде достапен за научниците од целиот свет.

Свеченото пуштање во работа го следеле стотици научници и вљубеници во вселената.

enauka.mk
9,241наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.