Најсимпатичната соларна фарма во светот (видео)

Соларните електрани обично имаат панели, наредени во редови и колони кои формираат мрежа.

Меѓутоа, претставниците на кинеската компанија „Merchants New Energy Group“ решиле да направат малку позабавен дизајн. Панелите на својата солрна фарма во Дантонг тие ги поставиле во вид на огромна панда која се простира на површина од околу еден милион квадратни метри.

Компанијата „Merchants New Energy Group“ е најголемата државна компанија за производство на чиста енергија во Кина.

Првата фаза од проектот, која вклучува постројка од 50 мегавати, била завршена на 30 јуни и гигантската соларна панда веќе почнала да испорачува соларна енергија во северозападна Кина. Изградбата на втората панда е планирана  до крајот на оваа година.

Електраната Панда, како што се нарекува, ќе може да произведув 3,2 милијарди киловат-часови соларна енергија во следните 25 години, се наведува во соопштението од компанијата. Со тоа ќе се елиминира потрошувачката на околу еден милион тони јаглен кој би се користел за производство на струја, што ќе ја намали емисијата на јаглерод за 2,74 милиони тони.

Во реализацијата проектот Панда електрани, кинеската компанија соработувала со Програмата за развој на Обиденетите нации (UNDP).

Проектот е дел од пошироките напори за подигање на свеста кај младите во Кина за чиста енергија, се вели во соопштението од „UNDP“.

Компанијата „Merchants New Energy Group“ и „UNDP“ планираат да изградат уште неколку панда електрани во Кина во следните пет години.

Поддржете ја нашата работа: