„Ordnance Survey“ – официјалната британска агенција за мапирање ја изработи првата карта на друга планета.
Организацијата ги искористи податоците од НАСА за да го мапира огромното пространство на површината на Марс како експеримент за да види дали нејзините техники би можеле да бидат од потенцијална корист за идните мисии на црвената планета.
Мапата покрива 3.672 x 2.721 километри, со размер 1 спрема 4 милиони, и може да се користи за идните мисии на Марс подобро да и се објаснат на јавноста.
Мапата е достапна на интернет, како и во печатена форма, и ја покажува областа на Марс која е наречена Западна Арабска Земја (Western Arabia Terra). Овој регион ги опфаќа местата на слетување на „Mars Pathfinder“ и на роверот „Opportunity“.
„Запознавањето на вселената е нешто што не интересира сите и едноставно не можевме да одолееме да не ги употребиме нашите вештини за мапирање и нашата иновативна картографија за да изработиме карта на друга планета, освен нашата“, изјави Дејвид Хендерсон, директор на организацијата.