Нарцисоидни мајки – карактеристики и симптоми

Односот помеѓу мајка и ќерка се опишува како посебна врска. Таа врска започнува пред детето да дојде на свет и трае додека сме живи.

Како деца, не сме свесни колку мајчинската фигура, каква и да е влијае на нашиот живот. Она што го забележуваме додека растеме е дека ни фали мајчинска поддршка. Ни недостасува чувството дека сме сакани, посакувани и почитувани од нејзина страна.

Но често тоа и не им иде од рака на децата. Тие се прашуваат дали мајчинската љубов треба да биде безусловна? Зарем мајката не треба да покаже охрабрување кон нивниот труд, желби и така натаму. Неверојатно е збунувачки да се расте со мајка која децата ги фали пред пријателите, а ги критикува кога ќе стигне додека нема присуство од други луѓе. Таквите мајки живеат во свој свет. Свет кој психолозите го нарекуваат нарцисоиден.

Карактеристики на нарцисоидно пореметување на личноста

– Чувство на грандиозност
– недостаток на емпатија
– верување дека се подобри од другите
– ароганција
– верување дека другите им завидуваат
– поставување нереални цели
– манипулација
– осетливост на критика
– искористување на другите
– сонување за успех и моќ

Нарцисоидни мајки

1. Секогаш тие мораат да бидат во центарот на вниманието. Вашиот успех ќе го поделат со пријателите, но не и со вас. Заљубени се во драмата и се хранат со вашата трагедија кога таа се случува.

2. Лажат и негираат. Кога ќе се обидете да и го објасните нејзиното однесување поткрепено со докази, таа едоставно негира дека некогаш нешто се случило.

3. Било со тон или со мимика секогаш ве спушта ниско.

4. Неверојатно е чувствителна на критики. Вашата најмала забелешка таа ја доживува како провокација.

5. Никогаш нема да го прифати вашето искрено извинување. Не важно за што се работи.

6. И недостасува емпатија и е себична до степен да сака се за себе.

7. Подароци. Генерално сите од нив ги обожаваат скапите подароци.

8. Знае да биде доста груба кон луѓето за кои верува дека се под нејзино ниво.

9. Нарцисоидните мајки се секогаш сериозни. За нив хуморот не постои.

10. Таа нема и не може да се смени.

Самиот предвид дека на детето сопствената мајка му е нарцисоидна личност не тера подлабоко да ги анализираме ваквите личности. И тоа е најтешкиот дел од процесот. Не тера да ја отвориме вратата на психата за која не сме сигурни дали сакаме да ја отвориме бидејќи не знаеме што не чека.

Поставувањето на прашања за кои нема одговор е причината поради што треба да се отвори таа врата. Тоа ќе ни овозможи размислување за нарцисоидното пореметување на личноста за тоа како се манифестирана нарцисоидните мајки.

Не секоја нарцисоидна мајка е иста, и понекогаш најдобро нешто што можеме да направиме е прекинување на секаков контакт со ваквата мајка. Таа никогаш нема да даде чувство дека ве сака, почитува и ви сака се најдобро.

Извор: DaughtersofNarcissisticMothers

 

Поддржете ја нашата работа: