НАСА: Состојбата на Кеплер е стабилна!

По најавата за дефектот на вселенското летало Кеплер, кога неочекувано влезе во „вонредна состојба“ пред почетокот на својата нова мисија, научниците на НАСА ги пренасочија сите свои сили на земјата во обидот да го спасат.

Сега, тие објавија дека успеале да воспостават комуникација и да го вратат леталото во стабилна состојба, а се надеваат дека наскоро ќе се врати и во својата „научна состојба“.

Научниците се’ уште не се сигурни што точно се случило и ќе чекаат да се префрлат податоците од Кеплер од изминатите неколку недели за да се обидат да го лоцираат проблемот, а во меѓувреме во текот на неделата ќе ги тестираат сите системи за да се осигураат дека може да продолжи со мисијата.

Секако дека научниците сакаат да се осигураат дека леталото работи правилно, но тие мора да побрзаат бидејќи следната фаза од мисијата на Кеплер вклучува набљудување на ѕвездите во центарот на нашата галаксија и откривање на потенцијално необични планети и објекти, а на 1-ви јули галактичниот центар ќе се помести и ќе излезе од гледната точка на Кеплер.

Во секој случај, можеме да бидеме спокојни бидејќи состојбата на Кеплер е стабилна и очекуваме во брзо време да ја продолжи својата добро позната и успешна работа.

Поддржете ја нашата работа: