Научници од Оксфорд по шести пат гостуваат во Македонија

„Човекот учи додека е жив”. Образованието не може да дојде до некаква заокруженост и статус кво. Ова е вистина во сите сфери на животот, но особено во научните и истражувачки дејности. Од универзитетските професори и студенти се очекува да ги усовршуваат своите вештини низ текот на целата кариера, за што еден од најуспешните начини е размената на идеи со колеги од целиот свет. Токму тоа го нуди Балканскиот институт за вера и култура преку својата програма „Oxford Connections”.

Во јубилејната петта година од своето постоење Балканскиот институт за вера и култура (БИВК) ја организира шестата по ред „Oxford Connections” програма преку која досега во Македонија гостувале преку педесет професори, предавачи и докторанди од Универзитетот „Оксфорд”.

Досегашното искуство нa соработка на БИВК со повеќе универзитети и други образовни и истражувачки институции во Македонија е дека и за оксфордските и за македонските интелектуалци „Oxford Connections” претставува проширување на научните хоризонти. Таквите залагања во науката, културата и уметностите се двигателот на цивилизацискиот напредок општо, но и конкретен придонес кон благосостојбата на луѓето во дадено општество.

Научниците од Оксфорд ќе ги образложат своите тековни истражувања во областите на физиката, хемијата, биомедицината, филозофијата, филмската уметност, антропологијата, педагогијата и електрониката. Тие истовремено претставуваат меѓународна група затоа што доаѓаат од разни земји и континенти и се од различни националности, раси и култури. На многу начини оваа програма го доведува во допир најдоброто од светот со најдоброто од Македонија.

Централниот настан во рамките на „Oxford Connections” е Веритас форумот – предавањето од јавен карактер – кое ќе го одржи професорот по теоретска физика од Оксфордскиот Универзитет, д-р Ард Луи, со наслов „Може ли науката да објасни сè?” во Младинскиот културен центар (МКЦ) – сала „Фросина” во четврток 31-ви март 2016 година со почеток во 19:00 часот.

indexгггггДобра сумаризација за она што БИВК се обидува да го постигне преку програмата „Oxford Connections” ја даде д-р Костаке Милков (Претседател на БИВК), „Вистинските научници се оние кои низ целиот живот не го изгубиле детското љубопитство, жедта за знаење, незапирливата потреба да се поставува прашања и над сè отвореноста да се слушнат идеите на другите.”

Повеќе детали може да видите на Фејсбук страницата на БИВК,

https://www.facebook.com/events/1576513895995204/

Поддржете ја нашата работа: