Научниците идентификувале инфективен карцином кој може да се шири помеѓу видовите

Научниците за прв пат откриле инфективен тип на карцином кој може да се пренесува помеѓу животинските видови. Тие сугерираат дека карциномот кој може да се пренесува како вирус не е толку редок како што се мислеше порано.

Веќе неколку години познати се еден тип кај кучињата и два типа кај Тасманискиот ѓавол, но со новото истражување идентификувани се уште пет други типови на инфективни  карциноми кај четири видови мекотелци и нивни блиски сродници.

Според водачот на истражувчкиот тим Стефан Гоф од Универзитетот Колумбија, одредени видови на карциноми се пренесуваат помеѓу одредени типови на морски животни, познати под заедничко име како школки.

Карциномот е сличен на леукемија и е откриен во  мекотелите собрани во близина на Канада и два вида школки од брегот на Шпанија. Како што известува „The Washington Post“, во сите три случаи научниците откриле докази дека карциномот се пренесува помеѓу видовите кои живеат во овие подводни колонии.

Можно е болните школи да испуштаат канцерогени клетки кога умираат, а овие клетки преживуваат доволно долго во водата за да можат да бидат прифатени од друг домаќин. Овие школки се хранат со пасивна филтрација, сите имаат недоволно развиен имунолошки систем и им недостасуваат потребните ресурси да се одбранат од надворешните напади.

Генетската анализа на туморите покажала дека тие потекнуваат од надворешен извор, а не од самиот домаќин.

Туморските клетки немаат иста ДНК како и домаќинот. Наместо тоа, секој од мекотелите бил усмртен од иста линија на канцерски клетки кои се префрлиле од една на друга единка слично како вирус. Зафатените видови сепак треба да бидат во блиско сродство, за да може канцерските клетки да се пренесуваат помеќу нив, велат истражувачите.

„Моја претпоставка е дека многу од познатите карциноми спаѓаат во овој тип (инфективни) карциноми. Уште колку други морски видови можеби страдаат од ова навистина не знаеме“- вели Гоф.

Следниот чекор е подетална анализа на специфичните типови на мутации кои предизвикуваат ваква зараза помеѓу видовите.   

Наодите се објавени во списанието „Nature“.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,230од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.приближно по тековен курс · 07.11.2026 16:36

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.