Научниците ја открија причината за губење на тежина кај болните од рак

 

Меѓутоа, истражувачите од Институтот за рак Дана-Фарбер во Бостон открија молекул кој се чини е одговорен за оваа состојба наречена кахексија, со што се отвора можност оваа состојба да се промени.

 Според научниците , еден протеин наречен „PTHrP“, кој се ослободува кај многу тумори , го вклучува процесот на создавање топлина во масното ткиво, што резултира со нездраво губење на тежина.Процесот е опишан во списанието „Natura“

 И лабораториските испитувања, како и експериментите на глувци со рак на белите дробови, покажаа дека антителото што активно го блокира „PTHrP“, скоро комплетно го стопира губитокот на мускулната маса и ја подобрува функцијата на мускулите кај третираните животни.

Истражувачите се уште не можат да одговорат дали „PTHrP“ е одговорен за слабеењето кај сите видови на рак, така што ова е едно од прашањата што мора да се одговори пред  да може да почне испитувањето на антителата кај човекот.

Поддржете ја нашата работа: