Научниците креираа „пластика со мозок и мускули“

Научниците создадоа посебен полимер чувствителен на топлина кој е способен да крене маса 1.000 пати поголема од својата, и потоа брзо да се врати во својата оргинална форма.

Овој нов материјал би можел да најде примена во многу области, од медицински уреди кои работат во согласност со топлината на телото, па се до облека која автоматски се намалува за да ви одговара на вашето тело.

Овој материјал е многу корисен поради фактот дека топлината на човечкото тело е доволна за тој да реагира. Може да се програмира да задржи одредена форма, а потоа да се подеси топлината за да се врати во нормала.

Клучниот дел за развојот на овој нов материјал, кој научниците го опишуваат како пластика со мозок и мускули, е начинот на кој ја контролира кристализацијата која обично се случува кога полимерот се лади или се истегнува.

Како што материјалот се деформира, полимерските синџири се истегнуваат за да формираат кристалити, и мали делови од полимерот се редат во истата насока. Како што расте бројот на кристалити, новата форма станува постабилна и станува потешко за пластиката да се врати во својата оргинална форма.

Со користење на молекуларни облоги кои го инхибираат (но не го спречуваат) процесот на кристализација, истражувачите успеале да одредат „точка на топење“ при која се активира промената на формата. Покрај тоа, тие создале полимерски мрежи кои можат да складираат доволно еластична енергија за едно парче од полимерот со големина на врвца од чевли да може да крене една лименка сок.

Во следното видео може да го видите во акција, како влече играчки и крева тегови.

Поддржете ја нашата работа: