Научниците открија 163 нови живи видови во регионот „Greater Mekong“

Нашиот свет е сѐ уште полн со мистериозни и фасцинантни суштества. Иако многумина од нас мислат дека досега сме ги виделе сите живи суштества што живеат на планетава – или барем на копно, сепак, поголемиот дел од видовите на глобално ниво сѐ уште се непознати и некатегоризирани.

Според извештајот на Светскиот фонд за природата, само во 2015 година биле откриени 163 нови видови во регионот „Greater Mekong“- дел од југоисточна Азија што ги опфаќа Камбоџа, Лаос, Мјанмар, Тајланд и Виетнам.

Во ова биолошко богатство се наоѓаат змија со глава како „виножито“, гуштер што личи на змеј и дождалец со лик на Клингонец од „Војна на ѕвездите“, се вели во извештајот.

За жал, голем број од овие видови се загрозени од несопирливиот развој на регионот, како и од нелегалната трговија со ретки животни, што претставува една од најголемите криминални мрежи во светот.

Подолу ви прикажуваме неколку од овие необични новооткриени видови.

Овој рогат гуштер (Acanthosaura phuketensis) изгледа како мини-змеј

1

Овој мал геко (Gekko bonkowskii) се крие во далечните карпести предели на Лаос.

2

Според тимот на Светскиот фонд за природата, оваа змија со глава што свети како виножито (Parafimbrios lao), наликува на Зиги Стардаст.

3

Тие првично мислеле дака оваа змија може да се најде во само во одредени варовнички предели, но ваков примерок е откриен и во блиските шуми во една друга експедиција.

Оваа ретка банана (Musa nanensis) е забележена во провинцијата Нан во Тајланд

5

Овие ридови изобилуваат со мистерии.

6

Овој волнест лилјак (Murina kontumensis) е еден од трите нови видови цицачи опишани во извештајот

7

Ова е женка рогат гуштер

8

Овој „клингонски дождалец“ (Tylototriton anguliceps) е само четврти вид дождалец што некогаш е откриен на Тајланд.

9-1

Погледнете ги неговите црвени и црни „ознаки“

9

Чудните ливчиња на овој цвет од Мјанмар му го донесоа прекарот „пурпурен цвет со глувчешки уши“ (Impatiens kingdon wardii)

11

Иако оваа мала жаба со портокалови очи била откриена уште во 2006 година, на научниците им биле потребни 10 години да откријат дека се работи за нов вид. До местото каде е откриена воопшто не е лесно да се стигне.

12

Многу нови видови во овој регион ќе исчезнат пред да бидат идентификувани. Но доколку овој биодиверзитет се заштити, тоа ќе помогне да се утврди уште колку од овој свет ќе треба да се истражува.

Текстот е објавен во „Business insider“

Поддржете ја нашата работа: