Научниците открија како да го претворат СО2 во камен

Кога се работи за начините за справување со емисиите на СО2, едно од најамбициозните, но сѐ уште недоволно докажани решенија е јаглеродот да се зароби од атмосферата или од индустриските објекти.

Двата најголеми проблеми поврзани со ова решение се високата цена и начинот на кој СО2 би се складирал или пренаменил, откако ќе биде екстрахиран. Но, една нова техника би можела драстично да ја промени оваа метода за ублажување на климатските промени – со тоа што емисиите од јаглероден диоксид ќе ги претвори во камен.

Интернационален тим на научници, работејќи на Исланд, успешно демонстрираше дека може CO2 емисиите да се испумпаат под земја и со помош на хемиски средства да се претворат во цврст камен. Иако идејата за складирање на CO2 не е нова, воопшто не било очекувано дека овој процес може да се одвива толку брзо и ефикасно.

Во новото истражување што беше објавено во списанието „Science“, научниците објаснуваат дека за нивната техника со која СО2 се претвора во камен, потребни се само неколку месеци  – со што ова складирање на СО2 станува изводливо и практично решение.

Проектот кој е наречен „CarbFix“, научниците го започнале во „Hellisheidi“ – најголемата геотермална централа на светот. Тие го помешале јаглеродниот диоксид и јаглеродниот сулфид произведени од централата со вода и го вбризгале во вулкански базалт под фабриката.

31-climatechang

Кога базалтот ќе се изложи на СО2 и вода, јаглеродот се таложи во вид на цврста материја, но во вакви случаи никој не знае колку долго може да трае тој процес. Првичните проценки биле дека процесот би можел да се одвива помеѓу осум и 12 години, но во овој случај, конверзијата почнала да се случува во рок од неколку месеци.

После успешниот пилот проект во 2012 година, фабриката продолжила со вбризгување на јаглерод диоксид под земја, а константното мониторирање покажало дека процесот на минерализација се одвива постојано и безбедно – со што се надминуваат стравувањата дека подземното складирање на СО2 може да биде опасно.

Истражувачите сѐ уште не најавуваат како би можеле да се употребат овие јаглеродни карпи откако ќе се формираат.

2-inafirsticel

Една канадска стартап компанија ги претвора јаглеродните емисии во пелети кои може да се користат како синтетичко гориво, додека швајцарската компанија „Climeworks“, екстрахираниот јаглерод го користи на фармите како земјоделско средство, така што постојат многу алтернативи доколку долгорочното складирање во подземни карпи не успее. Но, по сѐ изгледа дека оваа нова техника ќе биде многу значајна како начин да се собере и да се складира јаглеродниот диоксид – и генерално за ублажување на климатските промени.

Сепак, научниците признаваат дека е потребно да се направат уште истражувања. Исто така, за процесот е потребна  вода, но научниците велат дека може да се користи и морската вода.

„Целокупното истражување е во релативно мали размери, така што следниот чекор на „CarbFix“ ќе биде да се зголеми складирањето на СО2 во базалт. Во моментов во централата „Hellisheidi“ се собраат и се складираат 5.000 тони СО2 годишно во базалитен резервоар“- истакнува водачот на истражувањето Јерг Матер од Универзитетот Саутемптон во Велика Британија.

Поддржете ја нашата работа: