Научниците успеаа да им вградат непостоечка меморија на луѓето

Во филмот „Зачеток“ (Inception), ликот што го игра Леонардо Ди Каприо влегува во соништата на другите луѓе за да им вметне нови идеи во нивните умови.

Ова колку и да изгледа како научна фантастика, сепак не е целосно невозможно.

Во последните неколку години научниците развиле начин за „вметнување“ и во реалниот живот – нова техника за која се надеваат дека со време ќе им биде од помош на луѓето кои патат од различни нарушувања, од депресија до аутизам.

Основната идеја е следната: човекот лежи прикачен за машина за функционална магнетно-резонантна томографија (fMRI) и игра некоја игра. Во текот на играта неговиот мозок се скенира, а преку играта добива повратни информации. После тоа, тој добива нови мозочни конекции.

Овој процес е наречен „неврофидбек“ и ги користи податоците од машината за „fMRI“ за да му каже на лицето што се случува во неговиот мозок. Ова е нешто слично како кога го користите бројот на отчукувањата на срцето за да го одредите темпото додека трчате (што потоа го менува и бројот на отчукувањата на срцето) – само што тука ја  контролирате активноста на вашиот мозок.

Најинтересната верзија е развиена од Такео Ватанабе од Универзитетот Браун и партнерите од Институтот за напредни телекомуникациски истражувања во Јапонија (се нарекува „Associative Decoded fMRI Neurofeedback“) и ги корости скеновите од мозокот за да го научи лицето на нови вештини или асоцијации, но без тој да е свесен за тоа што го учи.

Во најновиот труд на Ватанабе, кој беше објавен во „Current Biology“, лицата научиле да гледаат црвена боја додека гледале во слики на кои имало црни и бели пруги – а притоа воопшто не биле свесни дека биле тренирани да го направат тоа.

Изгледа едноставно, но идејата е прилично застрашувачка – еден вид на потсвесни пораки, вели Ватанабе, „во наједноставна форма“.

Поддржете ја нашата работа: