Човековиот мозок е најсложениот орган од кој било вид, но тоа не значи дека не може лесно да се измами.
Во следното видео, загледајте се во црната точка која се наоѓа во центарот на сликата со замокот.
Доколку го задржавте погледот во таа точка, кога се појави сликата во црно-бело, вие всушност ја гледавте во боја.
Ова е оптичка илузија која настанува бидејќи гледањето во слика со лажна боја (односно боја која се разликува од онаа на обичните фотографии) ја намалува чувствителноста на конусните клетки кои се одговорни за боја, па кога повторно ќе се појави црно-белата слика, потребно им е време за да се прилагодат, па затоа го гледаме замокот во боја.
Поддржете ја нашата работа: