Нивото на јаглерод диоксид во атмосферата добива праисториски пропорции

СПОДЕЛИ

Нема сомневање дека светот станува потопол. Историјата на постоењето на Земјата е обележана со флуктуации на температурата, но ова што сега се случува не носи кон неверојатно големи нивоа на јаглерод диоксид кои не се видени во последниве 200 милиони години.

Едно ново истражување објавено во „Nature Communications“ сугерира дека сегашното ниво на јаглерод диоксид се движи кон нивото на јаглерод диоксид во периодот Тријас. Тоа му дава на ова затоплување неверојатни праисториски пропорции.

Ова истражување не се фокусира само на нивото, туку и на брзината со која тоа се зголемува. Така, нивоата на атмосферските концентрации на стакленички гасови се зголемиле од 280 ppm од времето на индустриската револуција пред околу 150 години до речиси 405 ppm од минатата година кога за последен пат беа измерени.

Доколку овој тренд продолжи со истата брзина, до 2250 година нивоата на јаглерод би изнесувале 2000 ppm или исто како во периодот Тријас, а до 2400 година нивоата на јаглерод би ги надминале сите геолошки рекорди.

И иако нивоата на јаглерод биле толку високи во минатато, тоа не значи дека знаеме што не очекува доколку повторно се достигнат истите нивоа. Тоа се должи на факото што пред 200 милиони години, овие нивоа на јаглерод биле природни, а не предизвикани од човекот, како што е случај денес.

Еволуирано Сонце

Важно е да се знае дека јаглеродниот диоксид не е единствениот фактор на кој се должи затоплувањето на планетата. Количината на сончева светлина која доаѓа на планетата има исто така големо влијание. А сега нашето Сонце е значително посветло отколку што бло пред 200 милиони години.

Според Гавин Фостер, главниот автор на истражувањето и професор на Универзитетот во Саутемптон, Сонцето тогаш било потемно и климатските промени биле помали отколку што би биле сега во истите тие услови и во истите нивоа на јаглерод диоксид.

Сепак, ако не можеме да го запреме, се’ уште има надеж да го забавиме овој процес.Постојат многу решенија кои доколу ги имплементираме веднаш би можеле да не вратат назад на вистионскиот пат.

Обновливите извори на енергија се во подем насекаде низ светот и јавното мислење почнува да ја прифаќа заканата од климатските проблеми што би требало да резултира и да прерасне во една ефикасна акција.

Дискусија

Коментари