Нова технологија за телепортирање во форма на холограм

Најверојатно сте слушнале за „HoloLens“, новите очила за виртуелна реалност на „Microsoft“ и нивната потенцијална примена, но сега тукушто беа објавени нови детали за неверојатната карактеристика на хардверот наречен „холопортација“ (holoportation), токму поради тоа што овозможува да се телепортитате во нечија друга реалност како целосен три-димензионален холограм, исто како во филмовите.

Во центарот на системот се наоѓа нов 3Д систем за снимање развиен од страна на „Microsoft Research“. Во една просторија се поставува серија камери кои ги следат движењата и формите на објектите и создаваат 3Д модел во реално време. Потоа потребните податоци се испраќаат до очилата кои ја покажуваат фигурата како навистина да е присутна во собата.

Покрај тоа, системот има уште неколку други трикови – заедно со видеото може да биде вклучено и аудио, снимките може да се зачуваат и подоцна повторно да се гледаат и исто така може и да се намалат, па на пример да гледате снимка од вашите деца на вашата масичка.

Оваа технологија може значително да го смени начинот на кој луѓето ќе комуницираат во иднина. Замислете само како би изгледало да ја користите оваа технологија за да комуницирате со членови на вашето семејство кои се наоѓаат во странство. Интеракцијата со пријателите, семејството и колегите од работа може да стане природна речиси подеднакво како и разговорот лице в лице, освен фактот што сите ќе треба да носат очила на својата глава.

Постојат и други различни пристапи за холографски слики кои моментално се во развој, но новата технологија на „Microsoft“ се издвојува по својата напредност и стабилност.

Холопортацијата е само една од многуте потенцијални употреби на „HoloLens“. „Microsoft“ веќе имаше четири презентации на „HoloLens“, секоја дизајнирана за да покаже различна употреба, па со нетрпение очекуваме да видиме што е следно.

Поддржете ја нашата работа: